Connect with us

Останато

Годишната инфлација во Турција достигна приближно деветгодишен максимум

Објавено

на

Годишната инфлација во Турција, во март, достигна приближно деветгодишен максимум со хроничната слабост на лирата која поттикна пораст на потрошувачките цени.

Оваа вест не е добредојдена за претседателот Тајип Ердоган, во пресрет на референдумот со кој цели да ги прошири своите овластувања.

 

Според објавените статистички податоци, годишната инфлација во Турција се зголемила на 11,29% во март во споредба со 10,13% претходниот месец.

 

Ова ниво е највисоко од октомври 2008 година. Во однос на февруари потрошувачките цени се зголемиле за 1,02%.

 

Алкохолот, прехранбените производи и здравствените услуги се меѓу водечките категории, во кои се забележува драстично поскапување. За една година алкохолните пијалаци и тутунските производи поскапеле за 21,71%.

 

Погодена од политички интереси и загриженост за насоката на монетарната политика, заедно со централната банка која очигледно не сака да ја подигне референтната каматна стапка за да ја одбрани валутата, лирата изгуби 3% од својата вредност во однос на доларот оваа година.

 

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно