НБРМ
Годишен раст од 8,1 проценти на вкупните депозити и од 6,7 проценти на вкупната кредитна поддршка


Вкупните депозити во октомври, на годишна основа, се повисоки за 8,1 проценти, при раст кај двата сектора што е поизразен кај секторот „домаќинства”.
Како што објави Народната банка, вкупните кредити во октомври, забележаа месечен раст од 0,6 проценти, како резултатна растот на кредитирањето на двата сектора, при поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните кредити, во октомври, бележат раст од 6,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.
Во октомври кај кредитите на домаќинствата е остварен раст на месечна и годишна основа од 0,5 и 7,3 проценти, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите во денари имаат поголем придонес кон растот по двете основи.
Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во октомври, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечно зголемување од 0,5 проценти и 1, процент, соодветно, како и годишен раст од 6,3 проценти и 16 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, во октомври, се зголемени за 0,7 проценти на месечна основа, додека на годишна основа се пониски за 14,1 проценти.
Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5 проценти и 10,8 проценти, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки, во октомври, е остварен раст на месечна и годишна основа, од 1,5 проценти односно 1,3 проценти, додека кредитите одобрени врз други основи забележаа месечно и годишно намалување од 1,3 проценти односно 29,8 проценти.
Паричната маса во октомври 2021 година, забележа месечен пад од 0,5 проценти, којшто во најголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помала мера и на долгорочните депозити
до две години и готовите пари во оптек, при раст кај краткорочните депозити. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,7 проценти и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити, при помал раст и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години.
НБРМ
Вицегувернерката Нацевска на дијалогот на ЕУ со Западен Балкан


Во рамките на овогодишниот дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, во центарот на вниманието беа предизвиците коишто ги донесоа пандемијата и руската инвазија врз Украина, како два последователни надворешни шока. Притоа беа оценети и мерките преземени досега од страна на носителите на политиките за справување со кризите и за зголемување на отпорноста на економиите. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста


Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје