Connect with us

Компании

ГОДИНИ НА УСПЕХ за СН ФИНАНСИИ

Објавено

на

Финансиското друштво СН финансии, на крајот на оваа 2020 година одбележува 4 години од своето постоење.

Деловната филозофија на оваа компaнија не е само да биде компанија со добри финансиски резултати, туку во средината во која делува, да биде долгорочен партнер на жителите, стопанството и активно да придонесува во понатмошниот развој на заедницата во која функционира.

Со интензивно вложување во тимот на професионалци, во инфраструктура и ширење на мрежата на експозитурите, СН финансии од регионално, стана финансиско друштво со национална застапеност, уште во првата година на постоење, со широка палета на конкурентни и иновативни производи која во континуитет ја развива.

СН финансии, 2020 година ја завршува со 41 вработен, опслужува 50.000 клиенти, преку мрежа од 9 експозитури за работа со население и правни лица во 7 градови ширум Македонија.

Никола Јошевски – Генерален директор на СН финансии

„Ние сметаме дека ниту еден бизнис, мал или голем, не е одвоен од заедницата во која функционира. Затоа оваа 2020 година, специфична по многу нешта, потсети на лекции кои јас лично ги применувам во животот. А тоа значи успехот или неуспехот на еден, во многу е предодреден од успехот или неуспехот на оној другиот. Оттука СН финансии, грижејќи се за другите, дури и во време на пандемија и економска криза, годината ја завршуваме успешно. Оваа година не тестираше колку умееме да се прилагодиме и колку е значајно да помогнеме. 

Секојдневно работиме со луѓе – наши клиенти или партнери на кои им значи како се однесуваме, колку се грижиме, какви поволности овозможуваме, колку сме општествено одговорни….Сите овие чинители долгорочно гледано во овие четири години се исплатиле, а оваа година посебно, токму заради нашата посветеност на другиот. Оттука нашите успеси се мерат во плодови кои се: зголемен број на клиенти и голема доверба во нас и во нашето работење, во целина” – истакна Никола Јошевски, генерален директор на ФД “СН финансии”, во писменото обраќањето до тимот кој работи во оваа компанија по повод 4-тата годишнина.

Пред нив е нова стратегија, која се отвара во 2021 година, која е дефинирана на четири клучни групи на актери: вработени, пазар, клиенти и заедницата.

Со планирање на имплементацијата на дефинираните чекори започнаа уште сега во декември 2020 година, сметајќи на тоа што таа стратегија обврзува, зошто тие целат кон сериозен успех во 2021, а и во годините што доаѓаат по неа.

Фотографијата е од Февруари 2020, на последниот тим билдинг настан на компанијата пред да почне епидемијата

Компании

Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!

Објавено

на

Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)

Продолжи со читање

Компании

Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ

Објавено

на

Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите

Објавено

на

Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)

Продолжи со читање


Популарно