Connect with us

Домашни банки

Глобал брендс магазин ја прогласи Халкбанк за „Најдобар финансиски бренд за 2021 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижното списание Глобал брендс (Global Brands Magazine), е прогласена за „Најдобар финансиски бренд, Северна Македонија за 2021“ (Best Financial Brand, North Maceronia 2021). Како што стои во образложението на наградата, во многу конкрентна група учесници кои имаат демонстрирано единствена и исклучителна испорака на услуги кон развој на банкарскиот / финансискиот сектор, Халкбанк е препознаена како најдобар финансиски бренд поради исклучителната посветеност кон иновации, квалитет, активности за брендирање, услуги на клиенти и перформанси.

Списанието „Глобал брендс“ е водечко меѓународно списание за брендови, со седиште во Велика
Британија. Списанието, кое претставува извор на информации за врвни луксузни брендови, им овозможува на читателите ажурирани вести, прегледи, мислења и анкети за водечки брендови од целиот свет, истовремено идентификувајќи ги врвните брендови во различни индустрии.

Наградата „Глобал брендс“ е основана со цел да се укаже и да се подигне свесноста за извонредноста во перформансите и испораката на услуги на одделни компании од различни сектори. Наградата им оддава признание на компаниите кои имаат извонредно добри перформанси во различни области.

За Халкбанк, прогласувањето за најдобар бренд претставува потврда за лидерството во воведување нови технологии и услуги, како и за квалитетната и посветена работа и настојување да се обезбеди висок квалитет на услугите, што е препознаено и од клиентите. Токму ова и овозможи Банката, која годинава одбележува 10 години успешна работа на македонскиот финансиски пазар, да израсне во силен банкарски бренд и да стане најбрзорастечка банка и една од четирите најголеми банки во земјава.

Повеќе информации на https://www.globalbrandsmagazine.com/award-winners-2021/.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно