Connect with us

Останато

Глобална недела на претприемништво 2022

Објавено

на

Земјава и годинава повторно ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништвото (ГНП) која се одржува од 14 до 20 ноември.

Станува збор за еднонеделна светска иницијатива која се случува истовремено во повеќе од 200 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности и настани насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на постоечки и создавање нови партнерства како и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемачкиот екосистем во државата.

Четирите теми на 15-тото јубилејно издание на ГНП се стекнување претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование, инспирирање на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка, промовирање поголема инклузивност како и квалитетно креирање политики во рамки на соработката помеѓу екосистемот и носителите на одлуки. Дел од фокусот оваа година се младите и младинското претприемништво, како и зелената технологија и одржливите претприемачки потфати.

Во рамки на ГНП предвидени се повеќе од 45 настани со над 100 говорници, а домаќин во земјава е асоцијацијата Стартап Македонија која заедно со бројни партнери и соработници од приватниот и граѓанскиот сектор и високото образование ќе говорат на разни теми поврзани со можностите и предизвиците со кои се соочува екосистемот.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно