Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот.
Македонските денари се емитувани во форма на банкноти, монети и ковани пари за колекционерски цели.
КОВАНИ ПАРИ (МОНЕТИ) ВО ОПТЕК
Кованите пари со пониска апоенска вредност од 1, 2 и 5 денари (издание 1993 година) се изработени од легура од бакар (80%), цинк (17%) и никел (3%). Монетата од 1 денар, издание 2016 година е изработена од легура чиешто јадро во основата е изработено од челик обложено со двослојна легура составена од бакар и месинг.
Повисоките апоени од 10 денари и 50 денари се воведени во оптек во 2008 година. Монетите од 10 денари се изработени од легура од бакар (70%), цинк (18%) и никел (12%), а од 50 денари – бакар (62%), цинк (20%) и никел (18%).
Апоените од 1, 2 и 5 денари се пожолти, а апоените од 10 и 50 денари се побели, бидејќи содржат повеќе никел, а помалку бакар.
50 ДЕНАРИ
Издание 2008
Дијам. 26,5 мм; Теж. 7,7 г
Метал: Cu62Ni18Zn20
Во оптек од 15.11.2008
Аверс
50 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.
Реверс
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран лик на Архангел Гаврил – фреска од црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари.
10 ДЕНАРИ
Издание 2008
Диjам. 24,5 мм;Теж. 6,6 г
Метал: Cu70Ni12Zn18
Во оптек од 15.11.2008
Аверс
10 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.
Реверс
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран Паун – мозаик од Стоби – VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари.
5 ДЕНАРИ
Издание 1993
Диjам. 27,5 мм;Теж. 7,20 г
Метал: Cu80Ni3Zn17
Во оптек од 10.05.1993
Аверс
5 ДЕНАРИ во долното централно поле
Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.
Реверс
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;
1993 во долното централно поле.
Претстава на планински рис (Felis Lyinx).
2 ДЕНАРИ
Издание 1993
Диjам. 25,5 мм;Теж. 6,20 г
Метал: Cu80Ni3Zn17
Во оптек од 10.05.1993
Аверс
2 ДЕНАРИ во долното централно поле
Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.
Реверс
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;
1993 во долното централно поле.
Претстава на охридска пастрмка (Salmo Letnica).
1 ДЕНАР
Издание 1993
Диjам. 23,8 мм; Теж. 5,10 г
Метал: Cu80Ni3Zn17
Во оптек од 10.05.1993
Аверс
1 ДЕНАР во долното централно поле
Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.
Реверс
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;
1993 во долното централно поле.
Претстава на шарпланински пес.
1 ДЕНАР
Издание 2016
Диjам. 23,8 мм; Теж. 5,10 г
Челично јадро обложено со бакар и месинг
Во оптек од 15.07.2016
Аверс
1 ДЕНАР во долното централно поле
Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци.
Реверс
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно;
2016 во долното централно поле.
Претстава на шарпланински пес.
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
Лични финансии
Започнува Глобалната недела на парите 2022: „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“


Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. (more…)
Депозити
Пет придобивки од штедењето во банка


Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите средства? (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје