Connect with us

Business Man

Глигор Дачевски од dоXteam – водечкa компаниja за развој на софтверски решенија

Објавено

на

DоXteam е една од водечките компании за развој на софтверски решенија во Македонија, чиј основач и директор e Глигор Дачевски. Формирана е во 2008 година.

Градењето на најдобри производи и тенденцијата да се пронаоѓаат нови софтверски решенија кои ќе бидат корисни за бизнис клиентите, се водечките цели на dоXteam.

Во досегашната работа dоXteam има изградено повеќе технологии кои претставуваат голем чекор напред во развојот на корпоративен софтвер кој ги користи придобивките на облакот (cloud based enterprise software). Нивната пасија е развој на најразлични алатки и платформи кои се позиционирани на глобалниот пазар.

Mоментално го развиваат планот за градење на паметна зграда која ќе биде специјално дизајнирана за потребите на ИТ компанија. Добитници се и на грант од Фондот за иновации и технолошки развој за концептот на Microtica.

Microtica е платформа базирана на облак и back-end како услуга која овозможува изградба, употреба и распоредување на микрослуги. Високо развиена технологија која им овозможува на програмерите да изградат лесно скалабилни,целосно флексибилен и робустен back-end компатибилен со сите програмски јазици.

За да ја доловиме важноста за поддршка за развој на сопствен бизнис во Македонија, зборуваме со Глигор Дачевски, основач и директор на doXteam.

Банкарство: Што е тоа што Ве поттикна да станете претприемач, и како изгледаа почетоците кога се роди таа идеја ?

Глигор Дачевски: Уште во далечната 1998 година поттикнат од слободата која што ја дава моментот на креирање и пласман на решенија на светскиот пазар бев решен да создавам македонски софтвер кој нема по ништо да заостанува зад најдобрите во светот. Желбата беше голема, предизвикот беше огромен, се изгледаше возбудливо и интересно, a можностите беа бескрајни.

Од самиот почеток, формиравме млада екипа и секое решение кое го понудивме беше поуспешно од претходното. Успесите кои се нижеа ни дадоа дополнителен мотив за да продолжиме.

Банкарство: Каква е професионалната позадина на Глигор (образование, претходно работно искуство) ?

Глигор Дачевски: Студирав на ЕТФ насока ИТ и уште од студентски денови почнав да работам на софтверски решенија кои нудеа интеграција со електронски компоненти (embeded systems). По завршувањето на формалното образование, некако природно се склопија нештата. Моето работно искуство  почна со основање на Сивус, потоа следеше Аплифај (Applify), па Спортипал (SPORTYPAL)-апликација made in Macedonia која е се уште ненадминатата по број на корисници (брои десеттици милиони корисници) и секако последното скалило е денешната компанија ДОКСТИМ која природно произлезе од сето претходно. Со истиот тим од 2016 година работиме активно на разивање на Микротика која е микросервисна платформа за развивање технологии во околина на облак.

Банкарство: Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте Вие и Вашиот тим во досегашното работење, и на кој начин се справувате со предизвиците ?

Глигор Дачевски: Бројот на предизвици беше и е сеуште голем, како од технолошки така и од финансиски аспект. Технолошките предизвици ги решаваме успешно следејќи ги постојано трендовите, развивајќи компетитивни решенија со сопствени иновации кои се на исто рамниште со решенијата на најголемите светски ИТ компании. Секако од голема предност ни е способноста да предвидиме идни популарни трендови во овој домен што ни дава предност пред останатите. Таков е и случајот со Микротика. Реално ние како решение ја конципиравме уште пред неколку години, но нашата проценка беше дека пазарот сеуште не е подготвен да ја прими, затоа почекавме за да созрее моментот и ете се случи годинава. Фондот за иновации и технолошки развој ги препозна квалитетите на истата и со доделувањето на средства ни помогна во решавањето на финансискиот предизвик, за што сме благодарни. Секако тука мора да го споменеме и клучниот предизвик т.е наоѓање и вработување на соодветен кадар. Вработените се нашиот најголем капитал. Ние во континуитет се ,,подмладуваме,, обучуваме и оформуваме стручен кадар кој со своите квалитети и умешности придонесува за развојот на компанијата, а завозврат ние им нудиме професионална надоградба, пријателска работна  атмосфера и соодветно финансиско вреднување.

Банкарство: Живееме во време на виртуелна реалост, вештачка интелигенција…Кои се Вашите предвидувања за иднината, што е следно кога станува збор за технологијата, односно што мислите дека би било следното најголемото достигнување за човештвото ?

Глигор Дачевски: Временските интервали на прогрес/промени се многу пократки. Се се случува забрзано. Ако меѓу технологијата на обичен телефон и мобилен телефон имаше временско растојание од 100 години, во ИТ временскиот блок е 5 до 10 години. Нешто што било актуелно пред само пет години сега е технолошки застарено. Ако треба да направам некакво предвидување со сигурност можам да кажам дека би одело во насока комплетна автоматизација, синхронизација и интеграција. Тоа би можело да обезбеди комплетна поврзаност на целото човештво по сите основи. Најголема вредност ќе постигнат информациите порзани со однесувањата на луѓето и предвидувањата поврзани со истите, што реално би значело дека компаниите би требало да ја покажат својата лојалност на секој клиент поединечно водејќи сметка за индивидуалноста.

Банкарство: Какви се Вашите планови за во иднина?

Глигор Дачевски: Микротика да биде водечки играч на ИТ пазарот како платформа за развој на автоматизирани back-end софтвери и процеси. Доколку тоа се случи, очекуваме реално кревање на целата македонска ИТ индустрија на повисоко рамниште. Од стратешки аспект планирано е компанијата да порасне и да се развива како по бројот на проекти-клиенти, така и по бројот на вработени. Оваа година ни е јубилејна 10-та и би сакале соодветно да го одбележиме истото.

Голема благодарност до Глигор Дачевски и неговиот тим.

Business Man

Кристиан од Big heart преку претприемништво им помага на луѓето со потешкотии

Објавено

на

Предизвикот на Big heart како социјално претпријатие е да се грижи за кариерата на артистите (музичари, актери, комичари, магионичари) и истите ќе ги промовира во медиумите, а дополнително и ќе обезбедува настапи за секој од нив. Уметниците ќе бидат амбасадори на социјалната мисија на претпријатието, која е борба против стигмата кон лица со ментални болести и попречености. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Јане Заевски: „Храна за сите“ има за цел да ја врати изгубената вредност на храната

Објавено

на

,,Храна за сите’’ е прва платформа за продажба, промоција и донација на храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониски цени и до 80% од регуларните.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange