Connect with us

Форекс

Главни акценти од првите шест месеци од 2022 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи во H1 2022 година изнесува околу 75 милиони евра, што претставува намалување од 13,6% наспроти истиот период лани. Во тие рамки, прометот со акции во БЕСТ системот во првото полугодие оваа година изнесува околу 44 милиони евра и е за 2% поголем во однос на истиот период 2021 година. Просечниот дневен промет во првото полугодие од 2022 година изнесува 25,4 милиони денари и бележи намалување од 7% во однос на истиот период минатата година, додека просечниот дневен број на трансакции е речиси идентичен како и минатата година и изнесува 85 трансакции дневно. Главниот причинител за намалениот вкупен промет е помалата вредност на блок трансакциите, односно оваа година овој промет изнесува околу 1,5 милијарди денари наспроти ланското остварување од нешто околу 2 милијарди денари.

Деталната aнализа на прометите од редовното тргување во БЕСТ системот оствaрени во првото полугодие во последните пет години покажува дека овој промет оваа година е треторангиран во последните 5 години.
Прометот со обврзници се намали за 44% во H1 2022, што е очекувано со оглед на фактот дека во 2021 година имаше котација на две државни обврзници за денационализација.

Од аспект на структурата на прометот во H1, околу 66% од прометот е остварен од редовно тргување, 32% е остварен преку блок трансакции, додека останатите 2% се реализирани од јавни берзански аукции и јавна понуда на хартии од вредност.

Анализата на вкупниот промет и прометот со акции во БЕСТ системот по месеци во првата половина од 2022 година, покажува дека месец со најголем промет и по двете основи е месец февруари.

Перформансата на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, во првата половина од 2022 година бележи пад од 5,95%, во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2021 година. Доколку се анализира по месеци, после порастот во јануари (1,18%), во февруари, поради почетокот на војната во Украина индексот бележи пад од 6,54%, додека во март и април се зголемува за 4,78% и 0,06%, соодветно. Во месеците мај и јуни индексот бележи дополнителен пад, односно -3,31% во мај и -4,67% во јуни. Највисоката вредност на индексот во првата половина од оваа година изнесуваше 6.364,81 индексни поени (на 09.02.2022 година), додека најниската вредност на индексот беше 5.627,16 поени (на 24.02.2022 година).

Компаративна анализа на движењето на регионалните акциски индекси е презентирана подолу.

Регионалната анализа на берзанските индекси покажува дека во Н1 2022 година МБИ10 е во групата на поразвиените регионални берзи, чии индекси имаат негативни перформанси – што е разбирливо имајќи ги предвид севкупните економски и гео-политички фактори во кои работат и глобалните и регионалните пазари на хартии од вредност.

Анализата на ценовните движења на поединечните акции од актуелниот состав на МБИ10 индексот во првите шест месеци од 2022 година покажува дека само акциите издадени од Македонски Телеком АД Скопје бележат пораст (7,75%). Кај останатите акции, елементи на МБИ10, се забележува надолна корекција на цените во опсег до максимум -15%. Во продолжение е прикажана ценовната перформанса на сите елементи на МБИ10 во првата половина од 2022 година.

Најтргувани хартии од вредност во H1 2022 година се акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 20 милиони евра, потоа следат акциите издадени од Алкалоид АД Скопје со вкупен промет од околу 9 милиони евра и акциите на НЛБ Банка АД Скопје со вкупен промет од околу 4  милиони евра. Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции во МБИ10 индексот во прометот со акции од класично тргување во БЕСТ системот за првите шест месеци од 2022 година изнесува 93% – е вообичаено висока концентрација на класичното берзанско тргување во овие акции.

До крајот на мај беа објавени и неревидираните финансиски резултати на котираните компании за првиот квартал од 2022 година. Од 94 котирани компании, 62 регистрираа добивка, 28 загуба, 1 друштво не објавило извештај, додека 3 компании се во режим на долгорочна суспензија од котација. Вкупната прикажана нето добивка на котираните компании за Q1 2022 година е зголемена за околу 9,67% споредено со Q1 2021  година.

Билтенот за првите шест месеци од 2022 година на Македонска берза може да го преземете на следниов линк.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно