Connect with us

Форекс

Главни акценти од првите шест месеци од 2021 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи во првата половина на 2021 година изнесува околу 87 милиони евра, што претставува намалување од 8% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 95 милиони евра. Ова благо намалување се должи на помалиот промет со акции во БЕСТ системот оваа година, при што битно е да се нагласи дека минатата година во март и април на пазарот беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на COVID-19.

Од друга страна, годинава голем пораст се забележува во тргувањето со обврзници од 159% (минатата година изостана редовната годишна котација на обврзниците за денационализација). Исто така, пораст бележи и прометот од блок трансакции којшто споредено со претходната година бележи раст од 30%. Доколку се анализира структурата на прометот во последните неколку години може да се заклучи дека вкупниот промет и со акции и со обврзници од класичното тргување во БЕСТ системот во првата половина од 2021 година (во износ од 53 милиони евра) е втор најголем берзански промет по овој основ во последните 5 години (најмногу се тргувало токму минатата пандемиска 2020 година).

Детални информации за берзанските податоци и движења за првите шест месеци од 2021 година може да најдете во шестмесечниот Билтен на следниот линк: 

Компаративната регионална анализа покажува дека акцискиот промет на Македонска берза (акциите се главен финансиски инструмент со коишто се тргува и на другите регионални пазари) во првиот семестар од 2021 година е повисок од берзите во Белград, Подгорицa и Бања Лука, а е на слично ниво со берзата во Софија. Вообичаено, регионалниот примат во оваа категорија на промет го имаат берзите од Загреб и Љубљана.

Перформансата на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните 10 акции на Македонска берза, почнувајќи од 2016 година регистрира континуирани годишни порасти (16,45% во 2016, 18,92% во 2017, 36,64% во 2018, 34,01% во 2019 и 1,20% во 2020 година).

Во текот на првата половина од 2021 година индексот МБИ10, со исклучок на месец февруари, продолжи континуирано да расте и споредбено со крајот на 2020 година, на 30.06.2021 година изнесуваше 5.281,14 индексни поени, односно повторно забележа двоцифрен пораст од 12,25%.

Во првата половина од 2021 година се забележува нагорно движење на цените на сите акции што се елементи на индексот МБИ10. Во продолжение се презентира приказ на ценовните движења на најликвидните акции на Македонска берза во првите шест месеци од 2021 година, како и во период од последните пет години.

Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции од индексот во вкупниот промет со акции во класичното тргување во првата половина на 2021 година изнесува 90%. Најтргувани хартии од вредност во овој период беа акциите на Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 34 милиони евра, потоа следат акциите на Алкалоид со вкупен промет од околу 7 милиони евра и акциите на НЛБ Банка АД Скопје со вкупен промет од околу 6 милиони евра.

Во текот на првото полугодие од 2021 година беа објавени финансиските резултати на котираните компании за првиот квартал од 2021 година. Од 98 котирани компании, 64 регистрирале добивка, 26 загуба, 4 компании не доставиле финансиски извештај, додека 4 друштва се долгорочно суспендирани од котација. Вкупната прикажана добивка на котираните компании во Q1 2021 година е зголемена за околу 47% споредено со истиот период лани.

Котираните компании своите финансиски извештаи за првите шест месеци од 2021 година треба да ги објават најдоцна до 31 јули.

Првата половина од 2021 година беше и период на одржување на годишните собранија на акционери. Од десетте компании, елементи на МБИ10 индексот, шест компании донесоа одлука за исплата на дивидиенда, при што дивидендниот принос се движи помеѓу 1,39% и 6,78%.

Берзата и понатаму на сите инвеститори им овозможи бесплатно користење на апликацијата за електронско тргување од далечина eTrader.

На крајот на март 2021 година Македонска берза одбележа 25 години од првиот ден на тргување којшто се одржа на 28.03.1996 година.

Изминатото полугодие од 2021 година беше одбележано и со отпочнување и/или продолжување на неколку значајни стратешки проекти што Берзата ги реализира самостојно или во соработка со различни странски партнери.

Форекс

Нафтата се доближува до 75 долари за барел

Објавено

на

На меѓународните пазари цената на нафтата се зголеми на 75 долари за барел, во пресрет на извештајот од кој се очекува да покаже пад на американските резерви над очекувањата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец јуни

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јуни 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јуни?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.06.-30.06.2021 година вкупниот промет изнесува 1.549.452.344 денари и е драстично зголемен за неверојатни 227,67% во однос на претходниот месец мај. (more…)

Продолжи со читање


Популарно