Connect with us

Анализи

Главни акценти за периодот јануари – септември 2020 година на Македонска берза

Објавено

на

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година.

Анализата повторно, како и во првото полугодие, покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истиот тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции којшто во 2020 година изнесува 101, додека просечниот дневен промет во првите девет месеци од 2020 година изнесува околу 27 милиони денари.

Перформансата на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, по нагласената ценовна корекција во март (-22,47%) и априлската позитивна перформанса (+23,2%), во понатамошниот дел од годината регистрираше извонредно мала осцилаторност, за во септември повторно да се придвижи во нагорна линија (+6,60%) и на 30.09.2020 година да изнесува 4.485,18, што претставува доста благ пад од 3,52% на годишно ниво во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2019 година.

Компаративна анализа на движењето на регионалните акциски индекси е презентирана подолу:

Анализата на движењата на поединечните акции од актуелниот состав на МБИ10 индексот во деветте месеци од 2020 година покажува дека само кај три акции се забележува пораст, додека кај останатите има надолна корекција на цените. Воедно, подолу е прикажана и ценовната перформанса на овие акции во последните пет години.

Пазарната капитализација на 30.09.2020 година на 100-те котирани компании бележи намалување од 0,11% во однос на 30.09.2019 година, односно намалување од 2,73% во однос на 30.12.2019 година. Пазарната капитализација на котираните компании на 30.09.2020 година во однос на бруто домашниот производ изнесува 26%. Овој берзански статистички индикатор ја покажува пазарната вредност на сите котирани компании на одреден ден, односно се добива како производ на бројот на издадени акции на секоја компанија помножен со последната пазарна цена.

Најтргувани хартии од вредност за период 01.01-30.09.2020 година беа акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 32,81 милиони евра, потоа следат акциите издадени од Алкалоид со вкупен промет од околу 15,71 милиони евра и акциите на Макпетрол АД Скопје со вкупен промет од околу 9,01 милиони евра. Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции во МБИ10 индексот во прометот со акции од класично тргување во БЕСТ системот за период од девет месеци во 2020 година изнесува 93%, што покажува доста голема концентрација на класичното тргување во овие акции.

Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, во септември беа објавени иницијалните инвестициски анализи за Комерцијална банка АД Скопје (со препорака Buy) и Алкалоид АД Скопје (со препорака Hold), подготвена од страна на консултантската компанија WOOD & Company. Објавувањето на овие анализи влијаеше на динамизирање на тргувањето со овие акции и нивните ценовни движења.

Во првите девет месеци од 2020 година котираните 100 акционерски друштва преку СЕИ-Нет објавија 1674 информации во врска со собранија на акционери, одлуки на органите на управување, финансиски извештаи и други ценовно чувствителни информации. Во третиот квартал од 2020 година, котираните компании објавија вкупно 428 објави на СЕИ-Нет.

До крајот на август беа објавени и финансиските резултати на котираните компании за првата половина од 2020 година. Од 100 котирани компании, 64 регистрирале добивка, 33 загуба, додека 3 компании не доставиле финансиски извештај. Вкупната прикажана добивка на котираните компании за периодот I- VI 2020 година е намалена за околу 18% споредено со истиот период лани.

Во третиот квартал од годината се извршија измени на Правилата за котација на Берзата со кои се воведени повеќе новитети што ќе ја зајакнат достапноста и транспарентноста на податоците за работењето на котираните компании, при што особено се истакнуваат следните:

  • Воведен е годишен календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат јавни објави на финансиски извештаи и/или други битни настани поврзани со работењето на котираните друштва;
  • Извршено е општо скратување на роковите за објава на финансиските извештаи, согласно најдобрите европски и регионални пракси;
  • Воведена е „Листа за набљудување“ која е јавно достапна на Интернет страницата на Берзата и на којашто во иднина ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување на издавачот, согласно Правилата за котација или поради други специфични ситуации поврзани со хартиите од вредност или со издавачот.

Со цел подетална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите котирани компании.

Во септември Берзата успешно го организираше првиот Инвеститорски ден на Берзата.

Берзата повторно го продолжи бесплатниот период за користење на продуктот за т.н. електронско тргување преку Интернет – eTrader за инвеститорите до крајот на 2020 година.

Извор: Македонска берза

Анализи

АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Објавено

на

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

Објавено

на

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата.   (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Објавено

на

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)

Продолжи со читање

Популарно