Странски банки
Главниот извршен директор на Уникредит банка се откажува од 2,7 милиони евра и ќе ги донира во борба против коронавирусот


„UniCredit Bank” објави дека нејзиниот Главен извршен директор, Жан Пјер Мустиер ќе добие „само“ 900.000 евра вкупен приход во 2020 година.
Со последното намалување на платата што тој самиот го објави, главниот извршен директор на најголемата банка во Италија, ќе ја намали својата вкупна компензација оваа година за огромни 75%. Но, намалувањето на платата не е нешто што не му е познато на Мустиер, откако веќе ја намали својата плата кога започна со темелно реструктуирање на деловната активност на банката, за што уште оттогаш направи многу успешна приказна, за која доби огромни пофалби.
Покрај тоа што се откажа од својот целосен променлив надоместок за 2020 година, што е еквивалентно на максимални 2,4 милиони евра, тој посочи дека неговата плата ќе се намали за 25 проценти во 2020 година, што е за 300.000 евра.
Вкупното намалување на надоместокот на претседателот на Управниот одбор на „UniCredit Bank” е 2,7 милиони евра, кои веднаш ќе бидат донирани од Управниот одбор на Банката до Фондацијата „UniCredit”.
Придонесот на извршниот директор ќе биде додаден во тековните напори да се намали негативното влијание предизвикано од пандемијата на коронавирусот врз локалните заедници и да се обезбедат дополнителни ресурси на здравствените услуги во нивната борба против опасниот вирус.
Мустиер, исто така, претседава со Европската банкарска федерација. Најмалку што може да се каже е дека тој е водечки банкар за пример. Но, најголемото прашањето е дали тој сега ќе биде следен од другите водечки банкари. Апел до нашите водечки банкари да го следат примерот на Жан Пјер Мустиер, можеби не со идентичен процент од своите плати, но да донираат дел од своите приходи за помош на стопанството и здравството во борба против опасниот коронавирус.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје