Connect with us

Останато

Германците бараат четиридневна работна недела

Објавено

на

Повеќето Германци преферираат четиридневна работна недела, а бројот на работни часови да остане ист, покажаа резултатите од истражувањето на Институтот Форса и РТЛ.

Станува збор за модел, кој неодамна е усвоен во Белгија. Вработените имаат избор, може да работат или четири или пет дена во неделата, но бројот на неделни работни часови останува непроменет.

На пример, недела со 40 работни часови, може да се изработи во четири дена од по 10 часа, наместо за пет дена, со осумчасовно работно време.

Белгија го воведе овој модел, затоа што на работниците им се овозможува поголема флексибилност, слобода, како и ускладување на деловниот и приватниот живот.

Според истражувањето во Германија, 71 проценти од Германците посакуваат ваков модел и во нивната земја. На тоа пак, се противат 22 проценти од испитаниците.

„Белгискиот модел”, најголема поддршка, 81 отсто, доби од возрасната група од 30 до 44 години, како и меѓу високообразовните лица со 75 отсто.

Дали ваков модел на работа би бил одржлив и во Македонија и дали Македонците сакаат четиридневна работна недела!?

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна плата во септември изнесувала 32.553 денари

Објавено

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 проценти повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно