Останато
Германски “ЛИДЛ” го отвора првиот супермаркет во Охрид, Македонија?


Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свој супермаркет и во Македонија, објави InStore.
Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Се очекува истото да се случи најдоцна до крајот на годинава.
Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.
„Лидл“ од 2018 година започна со работа во Србија, при што истовремено отвори 16 продавници во 12 градови. Со новите две продавници што ќе ги отвори на 11-ти месецов, „Лидл“ во Србија сега ќе има вкупно 41 објект. Во Хрватска, пак, работи од 2006 година.
Инаку, трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи.
Фотографија: SupermarketNews
Останато
Професии со кои можете лесно да дојдете до вработување во 2021 година


Кога станува збор за пазарот на трудот, информатичарите, градежните инженери и економистите, можат најлесно да се вработат. (more…)
Останато
Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи


На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон. (more…)
Останато
Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи


Пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување да бидат дел од економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Според роковите утврдени во Законот за трговски друштва Годишната сметка се доставува до Централниот регистар до крајот на месец февруари наредната година, во хартиена форма или до 15 март во писмена форма. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!