Connect with us

Останато

Германски гигант ќе намали 1.100 менаџерски позиции

Објавено

на

Германскиот производител на автомобили “Daimler” ќе затвори 1.100 раководни менаџерски позиции ширум светот како дел од програмата за штедење, што претставува околу 10% од вкупните раководни позиции, објави весникот „Süddeutsche Zeitung“, повикувајќи се на внатрешни извори од работничкиот совет на компанијата.

Веста ја потврдија Ханделсблат и германската новинска агенција. Но, портпаролот на работничкиот совет на компанијата одбил да ги коментира овие најави.

Производителот на Mercedes-Benz, компанијата “Daimler” воспоставува програма за штедење, бидејќи се справува со забавување на глобалниот пазар.

Новиот главен извршен директор на „Daimler”, Ола Калениус, треба на 14 ноември да ја објави ажурираната стратегија на компанијата, која може да вклучува мерки за намалување на трошоците.

Калениус претходно објави дека компанијата работи на анализа на трошоците за да му помогне на овој производител на автомобили, камиони и автобуси да останат конкурентни и понатаму. Детали за стратегијата ќе бидат откриени во текот на денот на пазарот на капитал на автомобили.

Главниот извршен директор, наводно, ќе побара и од германските работници да не бараат покачување на платите, бидејќи се бори против тензиите во трговијата, скапите иновации и огромната казна за масовно мамење со тестирањето на емисиите во скандалот со дизелгет.

„Daimler” претрпе нето загуба од 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди американски долари) во вториот квартал, што е прва тромесечна загуба во последниве 10 години.

Генерално, автомобилската индустрија бележи далеку послаб раст од очекуваниот, делумно како резултат на трговските конфликти меѓу САД и Кина и неизвесноста околу „Brexit“.

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поддршка за исплата на плати и за месеците октомври, ноември и декември

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно