Connect with us

Останато

Германската економија со пад од пет проценти во 2020 година

Објавено

на

Германската економија забележа пад од 5,0 проценти во пандемијата 2020 година, завршувајќи ја десетгодишната експанзија бидејќи задуши голем дел од бизнис активностите на потрошувачите, според податоците на Федералното биро за статистика, „Дестатис”.

Колку и да е мрачна оваа бројка, падот е помал отколку што предвидуваа многу аналитичари, а високата стапка на раст на заштедите сугерира дека потрошувачите би можеле да бидат подготвени да започнат со силно економско закрепнување кога конечно ќе се укине блокадата, проценува агенцијата „AP“.

Според „Дестатис”, само германскиот градежен сектор порасна минатата година, додека индустриското производство и услужниот сектор длабоко потонаа. Земјоделството, финансиските услуги, недвижностите, информациите и комуникациските сектори претрпеа благ пад.

Алберт Бракман, шеф на групата за економски проценки и цени, вели дека приватната потрошувачка „може значително да порасне“ во наредниот период, имајќи предвид дека стапката на заштеди во Германија порасна за рекордни 16,3 проценти во текот на 2020 година.

Германската економија минатата година помина подобро отколку некои други членки на еврозоната. Според „Дестатис”, Франција паднала за 9,4 проценти, Италија за 9,9 проценти, а Шпанија зависна од туризам за 12,4 проценти, според „AP”, и додава дека официјалната статистика на тие земји треба да биде објавена на почетокот на февруари.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно