Connect with us

Странски банки

Германската државна банка му одобри кредит од 2,4 милијарди евра на Адидас

Објавено

на

Германскиот производител на спортска облека „Adidas“ доби 2,4 милијарди евра кредит од државната банка за развој КфВ за да се справи со економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Државната банка се обврза да одобри кредит од 2,4 милијарди евра, а дополнителни 600 милиони евра кредит се одобрени од група банки, објави „Adidas“.

„Поради тешките последици од глобалното ширење на коронавирусот во бизнисот, „Adidas“ мораше да преземе дополнителни чекори за да обезбеди финансиска флексибилност“, се вели во соопштението на германската компанија.

Од „Adidas“ исто така порачаа дека нивните извршни директори нема да добијат краткорочни и долгорочни бонуси за оваа година, што вкупно изнесува 65 проценти од целниот годишен надомест.

Странски банки

Дојче Банк и Гугл договорија повеќегодишно стратешко партнерство

Објавено

на

Deutsche bank” објави дека договорила повеќегодишно стратешко партнерство со „Google“ со цел да му се овозможи на германскиот банкарски гигант пристап до Клауд (облак) услуги и да започне иновации со технолошко-финансиски производи за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банките ширум светот ќе претрпат загуба од 2,1 трилион долари како последица на коронавирусот!?

Објавено

на

Банките ширум светот се соочуваат со вкупна загуба од кредити во вредност од 2,1 трилион долари (1,66 трилиони фунти) до крајот на 2021 година како последица на кризата од коронавирусот, анализира рејтинг агенцијата „S&P Global“, пренесува „Ројтерс“. Според анализата на агенцијата за кредитен рејтинг, загубата оваа година ќе достигне 1,3 трилиони долари, што е повеќе од двојно од нивото од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно