Connect with us

Останато

Германската влада одобри нова програма за економска помош вредна 10 милијарди евра

Објавено

на

Германската влада на канцеларката Ангела Меркел одлучи да спроведе нова програма за економска помош вредна 10 милијарди евра, која треба да обезбеди парични средства за оние луѓе кои привремено останале без работа.

Владата на состанокот доцна синоќа објави дека паричните стимулациите ќе бидат зголемени и продолжени до крајот на тековната година за сите оние кои привремено останале без работа како последица на епидемијата на коронавирусот.

Оние кои претходно биле заведени во бирото за вработување, исто така, ќе добијат финансиска помош.

После осум часови преговори, владините коалициони партнери, исто така, одлучија за понатамошно намалување на даноците.

ДДВ на секторот за гастрономија, кој е особено засегнат од пандемијата на коронавирус со затворање на ресторани и кафулиња, од 1-ви јули ќе се намали од 19 проценти на 7 проценти.

Владата, исто така, ќе им помогне на семејствата кои имаат обезбедено компјутери за своите деца со цел да следат онлајн настава. Студентите чии родители имаат намалени приходи ќе добијат по 150 евра.

Финансиската помош од 10 милијарди евра е дополнување на првата мерка помош од 1.100 милијарди евра, што главно се состои од јавни гаранции за кредити на корпорациите.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно