Connect with us

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација.

Индексот „DAX 30″ е составен од најликвидните и компаниите со најголема пазарна капитализација.

„Не е тајна дека јас лично би бил среќен „DAX 30″ да се прошири и да стане „DAX 40″“, рече извршниот директор на германската берза „Deutsche Boerse”, Теодор Вајмер.

Паралелно со тоа, „Deutsche Boerse” би го намалила бројот на компании со средна капитализација кои котираат во индексот „MDAXI”. Предлогот е бројот да се намали од 60 на 50 компании.

По скандалот со „Wirecard”, германската берза исто така сака да ги заостри прописите за корпоративно управување, предлагајќи забрана за котација на компании кои не објавуваат квартални резултати на време.

Како дополнителен услов, од германската берза сугерираат да се достави и докажана профитабилност.

Компаниите што генерираат над 10 проценти од своите приходи од продажба на контроверзно оружје, исто така, треба да бидат исклучени од индексите „DAX”, „MDAX”, „TecDAX” и „SDAX”, објави германската берза „Deutsche Boerse” .

Инвеститорите имаат рок до 4 ноември да изнесат свое мислење и предлози до германската берза, а „Deutsche Boerse” има намера да ги објави резултатите од консултациите и сите одлуки за измените до 23 ноември.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2020 година вкупниот промет изнесува 408.423.818 денари и е зголемен за 25,08% во однос на претходниот месец август. Влијание врз растот на тргувањето има „Инвеститорскиот ден” кој беше одржан на 18-ти септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно