Connect with us

Останато

Германија остана без резерви во федералниот буџет!?

Објавено

на

Сојузната влада на Германија го достигна лимитот на својот фискален капацитет поради интервенцијата во пандемијата на Ковид-19, влијанието на војната во Украина и климатскиот фонд, изјави министерот за финансии, Кристијан Линднер, пренесува „Reuters“.

„Нема резерви во федералниот буџет за 2022 година“, изјави Линднер.

Линднер посочи дека на граѓаните не треба да им се обезбедува дополнителна финансиска поддршка пред есента за да се ублажи влијанието на драстично зголемената инфлација.

„Советувам мерките што се веќе преземени да бидат ослободени за да можат да дејствуваат“, посочи германскиот министер.

Во март, владата објави пакет од 16 милијарди евра за да им помогне на потрошувачите да се справат со зголемените цени на енергијата и да ја намалат зависноста од рускиот гас.

Буџетите на Германија обично не ја надминуваат границата на дефицитот од 0,35 проценти од бруто домашниот производ.

Таканаречената „должничка кочница“ е суспендирана од почетокот на 2020 година, а владата планира да ја врати во 2023 година.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно