Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Германија дозволи продажба и чување на криптовалути во банките!

Објавено

на

Во Германија, на 1 јануари стапува во сила нов закон кој ќе им овозможи на банките во таа земја да продаваат и чуваат криптовалути како што е биткоин, што се смета за значајна одлука во областа на регулативата за криптовалути, која веројатно ќе има далекуопсежно меѓународно влијание.

Според новиот закон, криптовалутите ќе можат да се купат или чуваат во германските банки кои одлучуваат да го прошират својот опсег на услуги, а сегашните понудувачи како што се криптоменувачниците, кои веќе работат на германскиот пазар, ќе треба да аплицираат за лиценца од регулаторот Бафин пред крајот на 2019 година.

Германските финансиски експерти веруваат дека по донесувањето на новиот закон, нивната земја треба да стане засолниште за инвеститорите во криптовалути, а оваа иницијатива е поддржана и од БдБ, здружението на германски банки. Овој закон е пресвртна точка во областа на криптовалутите и за другите земји, бидејќи е еден од првите, ако не и првиот од ваков вид во светот.

Можно е примерот на Германија да го следат и другите европски земји, со оглед на тоа дека земјата при пишување на новиот закон за криптовалути, се потпираше на „дупка“ од четвртата директива на ЕУ, која во моментов им забранува на банките да вршат директен бизнис и посредување во криптовалути, но не и да продаваат или чуваат криптовалути, со цел да се спречи употреба на финансиски систем за перење пари или финансирање на тероризам.

Странски банки

Пуштени во оптек првите евро банкноти со потписот на Кристин Лагард

Објавено

на

Новата претседателка на Европската централна банка, Кристин Лагард, го додаде својот потпис на евро банкнотите, кои ги опишува како „најопипливиот симбол на европската интеграција“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Словенечката централна банка најде ризик за перење пари во Unicredit

Објавено

на

Централната банка на Словенија утврдила слабости во процедурите на словенечката Unicredit банка поврзани со ризици за перење на пари. Unicredit не обезбедила соодветни услови за спроведување на функции кои ќе спречат перење на пари и на тој начин го ослабила ефективното управување на ризикот. Исто така, се намалиле капацитетите за овозможување на соодветна внатрешна контрола. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ММФ ќе врши увид во мерките на нордиските банки против перење пари

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе спроведе истрага за мерките на нордиските банки и регулаторите за спречување активности за перење пари во тој регион и во балтичките земји, по низа наводни пропусти, објави Централната банка на Шведска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange