Connect with us

Домашни банки

Георг Бухер именуван за претседател на Надзорниот одбор на Охридска банка

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје на седница одржана на ден 29.1.2020 год. донесе Одлука НО бр. 0203-4315/6, 29.1.2020 година со која Г-дин Георг Бухер се именува за претседател на Надзорниот одбор на банката, а г-ѓа Валбурга Зајдл за заменик претседател.

Мандатот на новиот претседател и заменик претседател на Надзорен одбор на банката ќе трае се до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на банката.

На истата седница, Надзорниот одбор донесе Одлука НО бр. 0203-4315/8, 29.1.2020 година со која ги разреши следните членови на Одборот за ревизија на банката:

  • Г-дин Жан-Филип Гијом
  • Г-дин Ален Жерард Конус и
  • Г-ѓа Марија Којчева-Русева.

На местото од разрешените членови, со Одлука НО бр. 0203-4315/9 беа избрани следните нови членови на Одборот за ревизија на Охридска банка АД Скопје:

  • Г-дин Георг Бухер
  • Г-дин Ханс Лудвиг Диксер
  • Г-дин Славиша Којиќ и
  • Г-ѓа Валбурга Зајдл.

Мандатот на членовите на Одборот за ревизија трае 4 години, сметано од денот на нивното именување, до истекот на нивниот мандат како членови на Надзорниот одбор на банката.

На седница на Одборот за ревизија, со Одлука ОР бр. 0203-4493/4, 29.1.2020, г-дин Георг Бухер се именуваше за заменик претседател на Одборот за ревизија. Мандатот на заменик претседателот на Одборот за ревизија ќе му трае се до истекот на неговиот мандат како член на Надзорниот одбор на банката.

Домашни банки

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

Објавено

на

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Популарно