Останато
Георгиева: Без поголема помош од развиените економии, земјите во развој дополнително ќе заостанат


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, ги повика развиените економии да обезбедат повеќе ресурси за земјите со ниски примања, предупредувајќи на „големите дивергенции“ во глобалниот раст, што може да ја загрозат стабилноста и да предизвикаат социјални немири во следните години.
Управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд рече дури 50 проценти од земјите во развој се изложени на ризик од натамошно заостанување, што предизвикува загриженост за нивната стабилност и потенцијални социјални немири.
„За да се избегнат поголеми проблеми, богатите земји и меѓународните институции треба да обезбедат повеќе средства. Сепак, силно задолжените сиромашни земји, исто така, мора да бараат преструктуирање на долгот, порано отколку подоцна, и да обезбедат услови за поголем раст”, изјави Георгиева.
Според неа, ММФ проценува дека земјите во развој, кои со децении се приближуваат до просечното ниво на глобален доход, овој пат ќе се најдат во многу потешка ситуација.
„Минатата година главниот фокус беше ставен на локдаунот, а годинава се соочуваме со ризик од големата дивергенција”, оцени Георгиева за време на видео-конференциска врска со повеќе светски медиуми.
Георгиева додаде дека развиените економии трошат во просек околу 24 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на мерките за поддршка за време на пандемијата, во споредба со 6,0 проценти од БДП на земјите во развој и 2,0 проценти во земјите со ниски приходи.
Шефот на Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека САД се соочуваат со можен „опасен бран“ на банкрот и невработеност доколку не продолжат да даваат фискална поддршка се додека не заврши здравствената криза на коронавирусите.
Кристалина Георгиева рече дека САД, кои се најголемата економија во светот, имаат можност да преземат понатамошни активности и тоа ќе обезбеди ширење позитивни ефекти во светската економија.
На прашањето дали го поддржува антикризниот план на претседателот Џо Бајден вреден 1,9 трилиони долари, Георгиева рече дека ММФ го поддржува фокусот на планот кон вакцинирање, здравствена заштита, поддршка на невработените и помош на државните и локалните власти.
И покрај економското закрепнување, таа верува дека ризиците остануваат, особено ако поддршката не се обезбеди доволно долго.
„Сè уште постои опасност доколку нема поддршка, додека трајно не излеземе од здравствената криза, може да има опасен бран на банкрот и невработеност“, изјави Георгиева.
Директорката на ММФ истакна дека активностите за вакцинација се нееднакви и дека сиромашните земји се соочуваат со „огромни потешкотии“.
Само една земја во Африка, Мароко, почна да го вакцинира населението, истакнувајќи и изразувајќи сериозна загриженост за зголемената смртност во многу африкански земји.
Шефицата на ММФ кажа дека забрзувањето на вакцинацијата може да ја зајакне глобалната економија за 9.000 милијарди долари до 2025 година, а при што 60 проценти од користа ќе ја имаат земјите во развој.
Останато
Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК


Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)
Останато
Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”


Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите