Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Генерација Z и банкарскиот сектор

Објавено

на

Генерација Z се сите личности родени од 1995 година до 2012 година. Повеќето од нив, се полнолетни граѓани и можат самостојно да носат одлуки за своите финансии. Особено ова е изразено во САД, каде што младите луѓе легално можат да работат од својата 16та година.

Но, банкарскиот сектор често знае да ги избегнува, едноставно затоа што тие не се најпрофатабилните корисници. Меѓутоа, овие генерации се тие кои ќе направат многу промени во иднината, особено ако зборуваме за начинот на работење на бизнисите.

Практично секој во генeрација Z користи социјални медиуми барем еднаш во денот. Тие се подготвени да добијат финансиски услуги од технолошка компанија, односно финансиски инстутиции кои ги следат технолошките трендови. Тие прифаќаат алтернативни начини на плаќање, како услуги од лице-в-лице (P2P).

Но, постојат и други, повеќе изненадувачки наоди. За разлика од нивните милениумски претходници, генерацијат Z се штедачи. Овие генарации не сакаат да ги повторуваат грешките направени од претходните генерации – на пример, оптоварувајќи се со големи студентски кредити.

Многу од нив веќе имаат сметка во банка или кредитна картичка, или на свое име или како заедничка сметка со нивните родители. Тие, исто така, имаат тенденција да користат само една примарна финансиска институција (ПФИ), а повеќето својата доверба ја даваат на најголемите банки во сопствената држава.

Ако гледаме од страна на финансиските институции, оваа генерација зафаќа дури 25% од целата потрошувачка во светот. Оваа бројка се очекува драстично да порасне до 2020 година.

Неколку клучни факти кои мора да ги знае секој бизнис за оваа генерација се:

  • Тие ја сакаат технологијата;
  • Работите сакаат да ги извршуваат поефективно;
  • Не смеете да им одземете премногу време за користење на вашата услуга/производ;
  • Тие ги контролираат промените и случувањата околу нив;
  • Имаат свој начин на комуникацика и
  • Секогаш сакаат да се информирани за настаните.

Наједноставно кажано, за да ги привлечети овие генерација овозможете им едноставност за сите финансиски услуги кои ги нудите, следете ја технологијата (Android и iOS апликации се најмалку што можете да направите за нив), давајте им информации на време и разберете дека трпението за поправање на грешки од страна на бизнисите не им е јака страна, односно не се плашат да мигрираат кај вашиот конкурент.

Останато

Journey to Audit Challenges – Професионален едукативен настан во организација на Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори

Објавено

на

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Вештачката интелигенција ќе остави 10 милиони банкари без работа до 2030 година

Објавено

на

Студијата на IHS Markit предвидува дека Вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) ќе им заштеди 300 милијарди долари на банките до 2030 година, истовремено оставајќи околу десет милиони банкари без работа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Иванка Трамп: Jа одбив понудата за работа во Светска банка

Објавено

на

Советничката во Белата куќа, Иванка Трамп, во интервју за AP, објасни дека одбила работа како шефица во Светска Банка бидејќи е среќна со нејзината сегашна функција во администрацијата, пренесува Independent. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange