Connect with us

Странски банки

Генералниот директор Разван Мунтеану ја напушта Адико банка

Објавено

на

По неодамнешните оставки и рокади во менаџментот на „Addiko Bank” во Австрија, своето заминување го најави и извршниот директор на банката, Разван Мунтеану.

Причините поради кои тој заминува од функцијата се поради „несогласување“ со политиките на Надзорниот одбор и насоката во која треба да се движи банката во иднина.

Мунтеану ќе ја напушти функцијата извршниот директор на „Addiko Bank” на 1 јули, а неговата позиција ќе ја наследи Чонгор Немет.

Претходната недела Директорот за секторот за финансии, Јоханес Прокс, поднесе оставка со истото образложение, а на истиот чекор се одлучи и првиот човек на Надзорниот одбор, Херман Џозеф Ламберти, кој ја напушти банката, а ќе биде заменет од Ханс Херман Лотер.

Идниот нов извршен директор, Чонгор Немет во моментов ја извршува функцијата Директор на Сектор за корпоративни клиенти и мали и средни претпријатија, а од 1 јули ќе ја преземе највисоката позиција во банката. Маркус Краузе кој ја извршува функцијата Директор на сектор за ризици на компанијата ќе го наследи местото на Јоханес Прокс, како прв човек одговорен за финансиите на банката.

Од 1 август, најавено е дополнување на Управниот одбор на „Addiko Bank” со нов трет член кој ќе биде одговорен за ИТ секторот.

Од 2015 година, за време на трансформацијата на Адико групацијата, Немет и Краузе се членови на Управниот одбор и дел од менаџерскиот тим кој го спроведе минатогодишниот излез на берзата.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно