Connect with us

Странски банки

Генералниот директор на Дојче банк: Инфлацијата е отров за општеството

Објавено

на

Генералниот извршен директор на „Deutsche bank”, Кристијан Севинг, ја опишува високата инфлација како отров за општеството и предупредува дека континуираното зголемување на цените на сите производи се заканува да предизвика рецесија.

„Кога 40 отсто од граѓаните велат дека на крајот на месецот не можат ниту едно евро да го остават настрана, тоа значи дека е загрозен социјалниот мир во Германија”, изјави Севинг во понеделникот на банкарска конференција во Франкфурт.

„Згора на тоа, постојаниот инфлациски притисок се заканува со рецесија”, рече Зевинг, додавајќи дека нарачките на компанијата се сè уште полни, а профитот е стабилен, но дека тој со нетрпение ги чека следните 12 месеци.

„Покрај експлозивните цени, ситуацијата ја влошува и пандемијата, преоптеретените синџири на снабдување и тесните грла на пазарот на трудот. Ако војната во Украина сепак го запре увозот на руски гас, германската економија ќе западне во „длабока рецесија“”, рече Севинг.

Тој оцени дека Европската централна банка (ЕЦБ) доцни и е недоволно децидна во зголемувањето на референтната каматна стапка, основната мерка за задушување на инфлацијата.

Севинг додаде дека се надева дека американската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка за уште 0,75 процентни поени, односно дека ЕЦБ ќе реагира побрзо од очекуваното.

Во јуни потрошувачките цени во еврозоната, односно во 19-те земји-членки на ЕУ кои го користат еврото како заедничка валута, пораснаа со годишна стапка од 8,6 проценти. Во Германија таа стапка достигна 7,6 отсто.

Странски банки

ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБOР за Македонија ја намали прогнозата од 3% на 2,7% економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Со трговската диверзификација и отвореност до подобри работни места, поголем економски раст во Северна Македонија

Објавено

на

Недостигот на трговска диверзификација и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени

Објавено

на

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е второ зголемување во претходните 15 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно