Connect with us

Останато

Генерали инвестментс со одлична поволност за клиентите – Без влезни провизии за сите уплати до крајот на март

Објавено

на

Генерали инвестмент им нуди на клиентите да вложуваат во отворените инвестициски фондови кои ги управува без влезни провизии и тоа до крајот на март оваа година. Од компанијата информираат дека тоа ќе важи за сите нови, но и за постојните вложувачи кои ќе извршат нова уплата или ќе склучат програмиран план со дефиниран износ.

„Ги поздравуваме сите наши постојни и нови вложувачи кои ќе извршат еднократни уплати или ќе склучат програмиран план со дефиниран износ – Тип 1 за уплати во отворените инвестициски фондови Генерали БРИК, Генерали Нова ЕУ, Генерали Топ Брендови во периодот од 00:00:01 часот на 15.02.2020 до 23:59:59 часот на 31.03.2020 се ослободуваат од плаќање на влезен надоместок”, велат од Генерали Инвестментс.

 За каков тип на влогови се однесува промоцијата?

Оваа поволност се однесува за секоја еднократна уплата и уплати од програмиран план – тип 1.

Понудата трае до 31 март 2020 година.

Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali и во овие рамки ја продолжува својата  долга традиција на обезбедување на професионални услуги за управување со средства со нов корпоративен идентитет.

КД Фондови официјално го промени името во Генерали Инвестментс во септември 2019 година, а својот идентитет на брендот го поврза со добро познатиот лав на плоштадот Свети Марко, симболот на Венеција и на Generali Group.

Останато

Во САД 6,6 милиони луѓе останале без работа – сигнал дека Америка тоне во рецесија

Објавено

на

Во САД, 6,6 милиони работници останале без работа поради пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Најбргу ги очекуваме поволните средства од ММФ, согласно потребите ќе се носат и нови мерки

Објавено

на

Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да стигнат во текот на месецов, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“ и дополни дека ќе се користат средства и од Светска банка, од Европската Унија, како и од обврзницата за премостување. Таа посочи дека овие средства ќе се користат повеќе месеци, согласно потребите за вбризгување средства во стопанството, а дека согласно потребите ќе се носат и нови мерки. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

Објавено

на

Во состојба на голема економска и трудова неизвесност, младата популација е онаа категорија која е доста погодена, и стапката на невработеност е највисока токму кај неа. Покрај невработеноста, моментално се наоѓаме и во време на пандемија, а тоа дополнително ги загрижува како младите така и сите компании. Ретки се компаниите кои не се погодени во овие моменти, и не трпат намалување во човечките ресурси. Исто така, не секоја компанија може да им понуди кариера на млади луѓе кои имаат скромно или никакво работно искуство. Lyconet (Лајконет) затоа, и во овие тешки околности, им нуди можност на сите генерации да започнат да развиваат професионални вештини и веднаш да градат работно искуство и кариера.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно