Connect with us

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото во различни класи помеѓу акции, обврзници или пари

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Првата недела од септември не донесе значителни промени во трендовите. Пандемијата се смири во САД и Јужна Америка, бројот на заразени во Европа достигнува рекордни бројки, но смртноста и хоспитализациите се значително пониски отколку оние во пролетта. Факт е дека денес подобро го познаваме вирусот и имаме подобар одговор, но останува прашањето што ќе донесат доцната есен и зима кога ќе дојде периодот на настинка и грип. Земјите се надеваат дека обемот на ограничувања и карантини ќе биде помал отколку во пролетта, но неизвесноста во некои сегменти на економијата особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за економската активност се прилично неверодостојни. Туризмот, авионската индустрија и сродните услуги продолжуваат да се намалуваат (падот на патниците кај еден од најголемите европски оператори на аеродроми Фрапорт е околу 80% во споредба со истиот период минатата година, а падот на товарниот транспорт е само неколку проценти). Економската активност во вториот квартал се очекуваше да биде слаба и падот е еден од најдлабоките од Втората Светска Војна наваму, но ситуацијата се подобри во текот на летото во форма на буквата „V“ што од друга страна носи оптимизам во економијата и пазарите. Потешкиот дел е пред нас, треба да се одржи позитивниот економски раст, па централните банки продолжуваат да делуваат многу стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години или повеќе), но во исто време ФЕД би ја таргетирале инфлацијата над 2%, бидејќи претпочита просечна инфлацијата од 2% на долг рок, а инфлацијата е под 2% скоро една деценија. Најновите податоци за инфлацијата не упатуваат кон посакуваната стапка на инфлација во рамки на долгорочните цели на ФЕД. Единствената „инфлација“ што ја гледаме во моментов е во различни видови на средства, особено во технолошките акции во последните неколку недели. Негативната реторика меѓу САД и Кина минатата недела малку се намали, но се ближи денот кога САД ќе го заостри пристапот на некои кинески компании до високо-технолошки производи од западните компании, што ќе донесе немир на пазарите. Оставката на јапонскиот премиер од здравствени причини не донесе значителни промени, бидејќи се очекува продолжување на релативно стабилната јапонска економска политика. Солидната позиција на европската економија и застојот на политичката сцена ја зајакнуваат позицијата на еврото во однос на доларот, што ја загрижува ЕЦБ, но преговорите за Брегзит кои се во застој веројатно ќе го задушат растот на еврото во однос на доларот.

– Пазарите брзо претрпеа корекција по неколку недели на биков тренд на крајот на минатата недела. Најмногу го почувствуваа најбрзорастечките акции од технолошкиот сектор, а особено акциите каде што проценките станаа „бајковити“. „Епл“ и „Тесла“ забележаа пораст на цените веднаш по поделбата на акциите, но американската поговорка „купи по гласини, продавај според вести“ се покажа како вистинита. Вклучувањето на акциите на Тесла во главниот индекс на берзи во САД S&P исто така помогна да се направи посилна корекција. Оценките особено на технолошките акции и акциите поврзани со он-лајн економијата остануваат високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година пред да пукне dot-com меурот. Централните банки се свесни дека парите се прелеваат на пазарите, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во неодредена иднина. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Работата на технолошките компании е добра, стапките на раст се високи, но сепак јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (пре) голем, а причините се бараат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Во последниве недели растот запре во индустриите кои растеа за време на короната како што се здравството и основната потрошувачка, бидејќи се очекува овие две индустрии да ја нормализираат состојбата односно да имаат побавен раст следната година. Од друга страна имаме компании од најпогодените индустрии (туризам, авијација, автомобилизам итн.) каде што расте нестабилноста и цените се прилагодуваат секојдневно на информациите за вакцини или на поголем скок на инфекции во даден регион и пораките од компании за нивните очекувања. Неизвесноста е значителна и се зголемува со доаѓањето на есен / зима во повеќето развиени економии, што ја намалува веродостојноста на предвидувањата на компаниите во овие индустрии. Некои трендови како што е купување преку интернет или работа од дома, полека стануваат реалност и инвеститорите се прилагодуваат на променетата состојба. Високите проценки на пазарите и особено на акциите од технолошкиот сектор покажуваат дека корекцијата може да продолжи, па затоа треба да постои претпазливост.

Совети за инвеститорите:

Ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели. Одредени индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците така и за акциите продолжува и покрај корекцијата, го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна корекција. Трендот на раст на пазарите може да продолжи иако состојбата на светската економија останува релативно слаба и покрај подобрите податоци,  иднината е нејасна особено во есенско-зимскиот период, а политичката несигурност расте особено пред изборите во САД и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучуваат акциите од здравствената индустрија, потрошувачка и нега, како и технологија, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Бидете повнимателни со акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се надпросечно изложени на технологија треба да размислат да реализираат дел од својот профит и да го реструктурираат портфолиото. Последната корекција која траеше неколку дена го избриша растот од последните недела или две, а приносот на овие акции сè уште е многу над просекот од почетокот на годината. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста во наредниот период. Диверзификацијата на портфолиото е неопходна за да се намали ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја рапсределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и сеуште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.

Лични финансии

Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Објавено

на

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно