Connect with us

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор, бидејќи приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

–Втората недела од септември донесе забавување на берзите, иако корекцијата на технолошките акции продолжи. Пандемијата се смири во САД и Јужна Америка, каде се прават помалку испитувања отколку во минатото, а бројот на заразени лица во Европа достигнува рекордно ниво при рекордни нивоа на тестирање, но смртноста и хоспитализациите остануваат значително помали отколку во пролетта. Со подобро запознавање на вирусот, имаме подобар одговор, но сепак постои страв од тоа што ќе донесе доцната есен и зима, кога ќе се појави периодот на настинка и грип. Земјите силно избегнуваат заострување на обемот на ограничувања и карантини бидејќи тие имаат големо негативно влијание врз економиите, но неизвесноста во некои сегменти особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за економската активност се прилично несигурни. Туризмот, авионската индустрија и сродните услуги продолжуваат да се намалуваат, а есенската сезона во Европа е сериозно ограничена и зависна главно од локални (домашни) гости. Економската активност продолжува да се зајакнува, но останува далеку под нивото пред корона кризата. Најновите кинески економски податоци покажуваат солидна слика за извозот и за увозот, а Кина е една од првите земји каде аналитичарите за нијанса ги подобрија своите прогнози за раст на БДП, особено за 2021 година. Претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години и повеќе). Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина. Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува, сега веќе видлива главно преку притисокот врз апликацијата TikTok, а најновиот деловен партнер изгледа дека ќе биде компанијата Oracle. Солидната позиција на европската економија и затишјето на политичката сцена, продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот, што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и ќе го задушат растот на еврото во споредба со доларот.

-Корекцијата на пазарите продолжи минатата недела, иако не беше толку изразена како во првата недела од септември. Повторно најбрзо растечки беа акциите од технолошкиот сектор и особено акциите каде што проценките се скоро бајковити. За време на викендот излегоа некои предвидувања за големи аквизиции (Nvidia го купува ARM Holdings, TikTok од страна на Oracle и Gilead кои купуваат портфолио на лекови против рак), што го врати пазарот на позитивна територија, но ќе видиме дали овој лек ќе ги даде посакуваните резултат. Проценките особено на технолошките акции и акциите поврзани со on-line или „Остани дома“ економијата, остануваат многу високи. Ситуацијата продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред да пукне .com меурот.  Централните банки се уверени дека парите се прелеваат на пазарите на капитал, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Инвеститорите се чини дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Работата на технолошките компании е добра, стапките на раст се високи, но јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (премногу) голем и покрај последната корекција, а причините се наоѓаат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Компанијата Snowflake која нуди cloud интернет услуги, подготвува нова емисија на акции и очигледно ќе биде разграбана, но проценката од 34 милијарди долари со 532 милиони долари приходи се граничи со бајка. Цената веројатно ќе порасне на почетокот на котацијата, бидејќи медиумски е добро поддржана, но нема простор за грешки при вакви проценки. Во САД неизвесноста се зголемува како што се приближуваат изборите, а тоа се рефлектира на зголемената нестабилност на пазарите, што очекуваме да продолжи и во периодот есен-зима. Високите проценки на пазарите, а особено на технолошките акции укажуваат на претпазливост.

 Совети за инвеститорите:

 Повторно ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели. Некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, нема време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се распредели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка  како за обврзниците така и за акциите продолжува и покрај корекцијата го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна корекција. И покрај релативно слабата позиција на глобалните економии и неизвесната есен, трендот на раст на пазарите може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД и поради тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се скапи и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. И покрај неколкудневната корекција, се намали само августовскиот раст, а приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја рапсределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.

Лични финансии

Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Објавено

на

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Објавено

на

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно