Connect with us

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Пандемијата очигледно сè уште не го достигнала врвот на глобално ниво, бидејќи гледаме силен раст кај заразените во Африка, Азија и Латинска Америка, но сепак европските земји и поразвиените земји како Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Кина, го контролираат вирусот многу успешно. САД се наоѓаат некаде измеѓу, но со оглед на тамошните насилни протести, кои доминираат на насловните вести, пандемијата го отстапи централното место. Земјите во Европа веќе ги укинаа најрестриктивните мерки и економските показатели се свртеа нагоре. Досега, се чини дека ова беше најдлабока, но и најкратка рецесија по Втората светска војна. На крајот на минатата недела, податоците за американскиот пазар на труд беа многу изненадувачки, кога наместо зголемувањето на бројот на невработени, нивниот број нагло опадна, бидејќи работодавците во САД дополнително вработија повеќе од 2,5 милиони луѓе. Економските податоци од стариот континент исто така се подобруваат, а оптимизмот расте. Има се повеќе компании кои работат со полн капацитет, а границите се отвораат за туризам. На 15 јуни, Германија ќе ги отвори своите граници, со што се очекува да се зголемат приливите од туристите, особено во Централна и Југоисточна Европа. Шпанија и Италија малку заостануваат тука, но кривите сè уште се свртени нагоре. Исто така минатата недела, видовме дека државите презедоа дополнителни стимулативни мерки за да и помогнат на економијата, а тука се издвојуваат мерките на Германија за поддршка на набавка на електрични автомобили и зголемување на инвестициите во „зелената“ енергија. Ова е особено позитивна вест, бидејќи економските студии покажуваат дека германските мерки за стимулирање имаат поголем ефект во земјите од Централна Европа отколку во самата Германија. Протестите во САД, Brexit, тензиите меѓу САД и Кина се оние глобални проблеми кои продолжуваат да влијаат врз политичарите и инвеститорите, но сепак не ја расипаа атмосферата на берзите во текот на изминатата недела.

– Продолжува оптимизмот на пазарот на капитал. Видовме силно неделно зголемување на курсевите. Инвеститорите сè повеќе бараат рационални причини да го објаснат овој оптимизам, но освен огромната сума (18 трилиони) свежо испечатени пари, тешко е да се објасни оптимизмот што го следиме. Приносите на пазарите на обврзници и банките се претежно негативни, изнајмувањето на недвижнини веќе не е толку сигурен бизнис како што беше пред кризата, бидејќи се зголемува притисокот за работа од дома, онлајн трговија и бизнис, па така и туризмот и изнајмувањето преку онлајн платформи нема да бидат исти долго време како пред кризата. Затоа, парите се инвестираат во акции, кои и покрај нивниот ризик, во моментот даваат позитивен принос. Оптимизмот сега се префрли кон најпогодените индустрии. Пораснаа дури и оние компании кои се наближија до фазата стечај па дури и банкрот, што укажува на прекумерна еуфорија на дел од берзите. Состојбата со овие акции потсетува на периодот на dotcom балонот од 1999-2000 или пред финансиската криза во 2007 година. Затоа, претпазливоста не е на одмет. Од друга страна, имаме индустрии кои можат да се дефинираат како победници во кризата и каде вредностите сè уште се на атрактивно ниво. Тука спаѓаат главно здравството, прехранбената индустрија, дел од ИТ индустријата, комунални услуги (електрична енергија, вода и сл.), телекомуникациите и сл.

Совети за инвеститорите:

Се држиме до истото мислење кое го повторуваме веќе неколку недели. Акциите повторно изгледаат прилично скапи, моментално не е време за екстреми. Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити. Централните банки и државите продолжуваат да генерираат огромни количини свежи пари, а старата американска берзанска поговорка  вели дека нема смисла да се борите со централните банки затоа што тие имаат неограничена сума пари. Ликвидната поддршка го форсира растот на цените на обврзниците и акциите и овој тренд може да продолжи. Од друга страна, состојбата на светската економија е слаба, а иднината е многу нејасна. Дополнителна неизвесност на пазарите се создава со обновувањето на трговски тензии меѓу САД и Кина и насилните протести во САД кои носат немири на најголемите и најбезбедните светски пазари . Затоа најмногу се препорачува балансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи. Диверзификацијата на портфолиото е чекор кон вистинската насока. Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но кон средината на март видовме како за само еден месец од највисоките вредности, одеднаш се најдоа во длабока дупка од 30%. Ваквите промени може да се очекуваат и во иднина, така што во овој момент, кога сме блиску до нови рекорди, диверзификацијата е неопходен начин за заштита на портфолиото.

Лични финансии

Винко совети за штедење (прв дел) – Како да ги научите Вашите деца да штедат?

Објавено

на

Родителите во Македонија се свесни, се повеќе се интересираат и дебатираат за детското штедење со цел да им овоможат на своите деца поквалитетно образование, самостоен и подобар живот и финансиска стабилност. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Следната недела ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост

Објавено

на

Следната недела, од 24 до 26 ноември ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските  регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организатори и учесници се Народната банкаМинистерството за финансииКомисијата за хартии од вредностАгенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а со  свои активности се очекува да се вклучи и приватниот финансиски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

По повод Светскиот ден на штедењето неколку успешни совети како да заштедите пари

Објавено

на

Сите сакаат да заштедат пари. Најчесто сите луѓе го бараат најбрзиот и најефикасниот начин за да дојдат до одредена заштеда. Процесот на штедење пари може да биде успешен доколку се штеди организирано и одговорно. Ова се неколку совети кои доколку ги следите и почитувате со сигурност ќе ве доведат до поставената цел. (more…)

Продолжи со читање

Популарно