Компании
Генерали Инвестментс слави 14 години постоење во Македонија

Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје обезбедува професионални услуги за управување со средства 14 години на македонскиот пазар. По тој повод се одржа коктел забава во хотелот Панорамика.
Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali, а во септември 2019 година официјално го промени името во Генерали Инвестментс, со што го поврза својот идентитет на брендот со добро познатиот лав на плоштадот Свети Марко, симболот на Венеција и на Generali Group.
Благодарение на широкиот спектар на инвестициски производи со долгорочен потенцијал, инвеститорите можат да создадат свое портфолио во секое време според нивните финансиски желби и потреби. Можност за избор помеѓу безбедни и стабилни инвестиции во паричен фонд, а во исто време повисоко ниво на ликвидност отколку на пример банкарските депозити. Од друга страна, можност за избор на среднорочни и долгорочни заштеди со инвестирање во акциски фондови, почнувајќи од основен глобално диверзифициран фонд до фондови кои се фокусираат на хартии од вредност во специфични региони или сектори.
Производите што ги нуди Генерали Инвестментс се прилагодени на начинот и фазите на живот во кои се наоѓаат инвеститорите, а управувањето со средства и односот со клиентите се на високо професионално ниво. Долгогодишното искуство, професионалниот пристап и знење кон пазарите на капитал, како и целосната посветеност кон исполнување на заедничките инвестициски цели, придонесуваат за стекнување и одржување на целосна доверба од инвеститорите. Со повеќе од 14 години традиција на управувањето со средства, изграден е ефикасен систем за стекнување информации за компаниите во кои се вложуваат средствата, во однос на нивното работење и положба, како и развојните трендови на целните економии.
Визијата на Генерали Инвестментс е да ги максимизира овие предности и да ја зголеми и консолидира позицијата на пазарот, но исто така се стреми да биде прв избор преку обезбедување на висококвалитетни, конзистентни и разновидни услуги за управување на средства со фокус на долгорочни приноси.
Компании
Оглас за вработување на Директор на сектор деловна мрежа во Штедилница Можности

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позиција (more…)
Компании
Македонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International

Единствениот македонски процесор КАСИС АД Скопје сертифициран од страна на меѓународните мрежи Mastercard/Visa/Diners International ја заoкружи 2022 година со одобрена апликација од најголемата кинеска картична шема UNION PAY International или т.н China UnionPay која има над 7 милијарди издадени платежни картички. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје