Connect with us

Останато

ГЕА со оригинално видео ги отсликува стереотипите на работното место

Објавено

на

По повод Меѓународниот ден за еднакви плати – 18 септември во претседателската вила Водно се одржа Конференцијата за родова еднаквост на работното место, под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска.

Целта на конференцијата, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА и Центарот за управување со промени – ЦУП, беше да ја презентира фaктичката состојба поврзана со родова еднаквост на работното место во нашата земја и активностите што се преземаат од владиниот и граѓанскиот сектор на оваа тема, како и да инспирира и мотивира повеќе компании да почнат да размислуваат во насока на креирање на програми за родова еднаквост на работното место, преку дискусија и презентација на позитивни примери од приватниот сектор.

На настанот присуствуваа претставници од развојните меѓународни организации, бизнис секторот, граѓанскиот и владиниот сектор, а во воведниот говор присутните ги поздравија г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, Д-р Нина Ангеловска, Претседателка на Алијансата за родова еднаквост – ГЕА и г-ѓа Неда Малевска, Извршна директорка на ЦУП.

Во рамки на програмата премиерно беше објавен и видеоспот на Алијансата за родова еднаквост – ГЕА кој има за цел да ги покаже стереотипите поврзани со родовите што секој од нас несвесно ги употребува. Главната порака на спотот „Вратите што сакаме да се отворени утре, да не ги затвoраме самите денес” е претставена преку отсликување на секојдневието на еден маж и стереотипите кој тој ги користи кон колегите на работното место, но очекува другите да не ги користат кон неговите блиски. Видеоспотот, кој што може да се погледне во продолжение, наиде на одлични реакции од присутните на настанот.

Како дел од програмата се одржаа и две панел дискусии на тема „Состојбата со родова еднаквост на работното место во РСМ” со претставници од јавниот сектор и „Градење на подобри работни места преку обезбедување родова еднаквост“ со претставници од приватниот сектор, а воедно беа презентирани и податоци од ДЗС поврзани со родова еднаквост на работното место и резултатите од спроведенииот прашалник за проценка на родова еднаквост на работно место, во кој учествуваа повеќе 60 анкетирани претставници од приватниот сектор.

Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА, се стреми да придонесе за унапредување на родовата еднаквост на работното место, односно еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. Алијансата е насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. Алијансата за родова еднаквост на работното место е т.н. commitment maker за Родова еднаквост при UN Women и работи кон целта за одржлив развој #SDG5 – Родова Еднаквост.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно