Connect with us

Компании

ГАЗДА ОД СОНИШТАТА – Живко Мукаетов ќе дава месечен додаток од 1.000 денари за децата на вработените во Алкалоид

Објавено

на

Човечките ресурси се еден од најцврстите столбови на 85-годишниот раст и развој на алкалоидовата успешна приказна, а грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата. Во базата на „Алкалоид“ во Скопје има над 2.000 вработени, па посебен предизвик, како и во секоја успешна и амбициозна компанија, е да се одржи високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности, особено во услови на функционирање исполнети со голем број непредвидливи економски, политички и пандемиски аспекти.

„Алкалоид“ АД Скопје на годишно ниво алоцира значителни ресурси за разни бенефиции наменети за вработените, во форма на финансиски надоместоци, интерни и екстерни обуки, доедукација, дополнително здравствено осигурување и слично.

Најновиот проект на „Алкалоид“ АД Скопје вклучува бенефиции за децата на вработените, преку финансиска партиципација на компанијата во износ од 1.000 денари од дете на вработен на месечно ниво, наменети за доедукација од областа на странските јазици, курсевите за компјутери, спортските и рекреативните активности, како и на активностите од областа на науката и на културата, во текот на целата учебна година. Во проектот се опфатени деца од сите категории на вработените во „Алкалоид“ АД Скопје – деца од предучилишна возраст и оние кои се редовно запишани во основно и во средно училиште.

„Во процесот на иницирање на овој нов проект бевме фокусирани на повисока цел – нашите деца, кои се нашата иднина. Сакавме да поттикнеме практикување воншколски активности и ангажмани, кои, како дополнителни вредности и знаења, активно ќе придонесат за нивно формирање во комплетни личности, кои во иднина ќе дадат свој личен придонес за унапредување на средината во која живеат и дејствуваат. Преку грижата за нашите вработени и преку иницијативите за овозможување придобивки за членовите на нивните семејства ги манифестираме клучните вредности на големото алкалоидово семејство – ‘Луѓето пред сѐ’ – максима која особено ги засега најмладите“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Во моментов компанијата има 408 администрирани пријави за бенефиции за деца на вработените, од кои 33 пријави за деца од предучилишна возраст, 327 пријави за деца од основно училиште и 48 пријави за деца на вработени запишани во средно училиште. Гледано според категории, 6 се пријави за компјутерски вештини, 7 пријави за активности од областа на науката, 127 пријави од областа на спортот и на рекреативните активности, 234 пријави за курсеви за странски јазици, 30 пријави за танцови школи и по 2 пријави за активности од областа на културата и на музиката, со очекување и овие бројки да се менуваат и да растат во претстојниот период.

Компании

Оглас за вработување во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:* (more…)

Продолжи со читање


Популарно