Connect with us

Компании

ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ ЈА ПРОШИРУВА ДЕЈНОСТА – доби лиценца за основање на Друштво за управување со доброволни пензиски фондови

Објавено

на

На ден 31.05.2022 Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде дозвола број 4 за основање на друштво за управување со пензиски фондови на Друштво за управување соотворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Заедно со дозволата, МАПАС издаде и условно одобрение број 04-02 за управување со доброволен пензиски фонд.

Со добивањето на лиценцата, Друштвото дополнително ќе допринесе за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Проширувањето на дејноста на работа на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје е доказ за  исклучителната посветеност за развој на македонскиот пазар и сериозните намери долгорочно да продолжи со градење на успешната приказна во финансискиот свет.

Заклучно со 31.05.2022, ВФП Фонд Менаџмент има вкупно 93 милиони евра под управување, 6.200 инвеститори во фондовите, 33% пазарно учество, а ВФП Премиум Инвест е најголемиот акциски фонд во Македонија со преку 38 милиони евра под управување.

ВФП Фонд менаџмент веќе седум и пол години е етаблиран на пазарот. Друштвото управува со 93 милиони евра и е најголем акциски фонд со 38 милиони евра. Сметавме дека имаме доволно инфраструктурен и кадровски потенцијал и затоа се одлучивме да се развиваме во доброволните пензиски фондови. Во Македонија има сериозен потенцијал граѓаните да вложуваат во доброволните пензиски фондови што ќе им овозможи дополнителен пензиски приход. Како што растат платите ќе може граѓаните да одвојуваат и за приватни пензии, а и фирмите кои сакаат да покажат лојалност кон вработените бидејќи како што гледаме се потешко се наоѓа соодветен работник, ќе може да им уплаќаат во доброволен пензиски фонд, вели главниот извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски.

Компании

Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

Објавено

на

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани. Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Мастеркард отвора претставништво во Скопје и назначува нов генерален директор за Југоисточна Европа

Објавено

на

Технолошкиот лидер „Мастеркард“ (Mastercard) преку огранокот за Европа го отвoра своето долгоочекувано претставништво во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно