Connect with us

Форекс

Втор ден пад на акциите на европските берзи

Објавено

на

На европските берзи утринава цените на акциите паднаа, втор ден по ред, откако инвеститорите се загрижија поради вестите за новите руски воени сили во Украина.

Индексот „STOXX 600″ на водечките европски акции во 9:30 часот беше во минус 0,4 отсто.

Лондонскиот „FTSE” се намали за 0,03 проценти, на 7.453 поени. Франкфуртскиот „DAX” се „лизна” за 0,89 отсто, на 14.331 поен, а парискиот „CAC” за 0,71%, на 6.611 поени.

Утрово најмногу паднаа, во просек над два проценти, цените на акциите во туристичкиот сектор.

Од друга страна, рударскиот сектор се зајакна за повеќе од еден процент, благодарение на зголемените цени на суровините.

На азиските берзи, цените на акциите пораснаа. Азиско-пацифичкиот индекс „MSCI”, без јапонскиот, порасна за 0,6 проценти околу 9:30 часот.

На токиската берза, „Nikkei” се зголеми за 1,2%, додека цените на акциите во Хонг Конг, Шангај, Австралија, Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0,3 и 0,8 отсто.

По неколкуте дена навистина нестабилното тргување, се чини дека азиските пазари се стабилизираа.

Вестите за војната во Украина и понатаму се следат, како и почетокот на преговорите меѓу претставници на земјата и на Русија.

„Голем дел од тоа што се случува на пазарите е во сенка на вестите за преговори меѓу Украина и Русија. Наредните денови ќе биде важно и тоа што ќе преземат владите и централните банки, кога се во прашање монетарната и други политики”, изјави Кери Крејг, стратег во компанијата J.P.Morgan Asset Management.

Инвеститорите ги загрижува и ризикот од понатамошен раст на инфлацијата, поради зголемување на цените на енергијата, што може да ги наведе централните банки на заострување на монетарната политика. А, со тоа ќе се забави растот на глобалната економија.

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Најмоќната берза во пад петти ден по ред

Објавено

на

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа петти ден со ред, при што „Dow Jones” потона, бидејќи вложувачите стравуваат дека агресивното зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја турнат економијата во рецесија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно