Connect with us

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово

Објавено

на

Кире Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари.

Оваа година, собраните финансиски средства беа наменети за организацијата „PAWSITIVE IMPACT”, проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондацијата Импакт, непрофитната организација АМОС Шелтер и Општината Маврово и РостушаНа хуманитарниот велеслалом годинава беа собрани 852.000 денари од котизации, а земаа учество рекорден број скијачи – 71 екипа со 213 натпреварувачи во категориите: девојки, мажи до 40 години, мажи над 40 години и сноуборд.

Комерцијална банка АД Скопје ја претставуваа 4 екипи со 12 скијачи. Во финалната трка во категоријата мажи над 40 години од Банката се квалификуваа двајца вработени, при што Солески заврши на пиедесталот со освоено 2 место, а Роберт Урошевиќ беше 10-ти. Ова е одличен успех на Солески бидејќи извози втор во конкуренција и на поранешни професионални скијачи. А, Банката уште еднаш потврди дека е секогаш подготвена за поддршка на организации и на поединци на кои таа им е потребна.

Домашни банки

Зошто инвестирањето во недвижнини е најдобра инвестиција?

Објавено

на

Една од најпродуктивните форми на долгорочна инвестиција е вложувањето во недвижнини. Поседувањето земјиште и недвижен имот отсекогаш се сметало за богатство бидејќи покрај повеќекратните финансиски добивки, вложувањето во куќи, станови и деловен простор е сигурен и безбеден начин за зачувување на вредноста на парите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја поддржува македонската музика

Објавено

на

Oд 31јули до 2 август Охрид ќе биде центарот на македонската музика, каде што овие три дена ќе се одржи фестивалот „Аларм“ со настап на десетици музички имиња од земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со поддршка за македонските спортисти на ЛОИ!

Објавено

на

Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски стигна до финалето на Летните олимписки игри во Таеквондо категорија мажи до 80кг! (more…)

Продолжи со читање


Популарно