Домашни банки
Втора понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски на клиентите на Охридска банка за период од 6 месеци


Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р.Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (службен весник бр.76/2020 од 24.03.2020 година и 116/2020 од 05.05.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (службен весник бр. 80/2020 од 27.03.2020 година и 125/2020 од 15.05.2020 година), а со цел надминување на потешкотиите со кои би се соочиле клиентите во овој тежок период настанат поради Корона-кризата, Охридска банка објавува втора Јавна понуда со број 27-47703/1 од 05.09.2020 година, за промена на договорните услови за кредитните производи на клиентите на Банката.
Втората Јавна понуда е наменета за клиентите на Банката – физички лица, кои ја прифатија првата Понуда на Охридска банка АД Скопје со број 2707-16439/1, а кои се соочуваат со финансиски потешкотии кои може да имаат влијание врз можноста за исплата на кредитните обврски кон Банката во следните шест месеци.
Втората Понуда се однесува на клиентите корисници на кредитни производи кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација, А, Б или В и немаат статус на нефункционална изложеност, заклучно со датум 29.02.2020 година, кои ја прифатиле Првата понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски, а кои ќе приложат документација со која ќе потврдат дека со соочуваат со финансиски потешкотии кои им го отежнуваат редовното сервисирање на кредитните обврски.
Услови и начин за аплицирање за Втората понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски на клиентите на Охридска банка АД Скопје
Оваа понуда важи 10 (десет) дена од денот на објавување и за користење на условите предвидени во неа потребно е клиентот до Банката да поднесе Барање заедно со останатата потребна документација најдоцна до 14.09.2020 година.
Можноста за одложување на наплатата на кредитните обврски се однесува на сите клиенти кои ја прифатија Првата понуда, а кои сеуште се соочуваат со финансиски потешкотии кои имаат влијание врз можноста за редовно сервисирање на обврските кон Банката, односно исполнуваат еден од подолу наведените критериуми:
– Во периодот од почетокот на кризата, т.е. од 01.03.2020 до 03.09.2020 да ја изгубиле работата, и моментално се невработени;
– Во периодот од почетокот на кризата, месечната нето-плата им се намалила за повеќе од 10%, и со намалениот износ на примања истите не се кредитоспособни за сервисирање на обврските по кредитите;
– Во периодот од почетокот на кризата, имале зголемени трошоци за медицински услуги, во износ поголем од три месечни плати.
– Клиентите кои од почетокот на кризата, т.е од 01.03. 2020 до 03.09.2020 ја изгубиле работата се ослободени од плаќање на своите кредитни обврски во периодот на важност на оваа Понуда.
Клиентите кои од почетокот на кризата, т.е. од 01.03.2020 до 03.09.2020 година имаат намалени месечни примања за повеќе од 10% ќе бидат ослободени од плаќање на главницата како дел од месечните рати но, останува обврската за плаќање на каматата за периодот на одложување предвиден во Понудата, како и обврската за кредитно животно осигурување, доколку според направената анализа од страна на Банката се утврди дека постои можност за плаќање на каматата и месечната премија за осигурување.
Клиентите кои имале зголемени трошоци за медицински услуги, ќе бидат ослободени од плаќање на главницата како дел од месечните рати но, останува обврската за плаќање на каматата за периодот на одложување предвиден во Понудата, како и обврската за кредитно животно осигурување, доколку според направената анализа од страна на Банката се утврди дека постои можност за плаќање на каматата и месечната премија за осигурување.
Клиентите кои исполнуваат еден од погоренаведените критериуми и сакаат да ја искористат Втората понуда, ќе биде потребно до Банката да приложат Барање и соодветна документација која соодветствува и го потврдува критериумот за одложување кој го ислолнуваат:
– Барање за прифаќање на Втора понуда / пополнето на урнек од Банката (може да се преземе на крајот на објавата, или во експозитурите на Банката)
– Потврда за престанок на работен однос / издадена од АВРМ за невработено лице или Потврда за престанок на работен однос издадена од работодавец во која ќе биде наведен датумот на престанок на работен однос
– Потврда за намалена исплатена плата во последните 6 месеци, изготвена на урнек од Банката (може да се преземе на крајот на објавата, или во експозитурите на Банката)
– Потврда која докажува зголемени трошоци за медицински услуги (фактура / сметка, или друг соодветен документ кој ја докажува природата на трошокот и периодот во кој е направен).
Некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување. Банката може да побара и друга документација потребна за утврдување на исполнување на критериумите за одложување.
Барањето за користење на втората Понуда, заедно со содветните Потврди може да се достави до Банката на два начини:
– Да се испрати преку меил адресата креирана за оваа намена baranje.covid19@ob.com.mk , или
– Да се достави целокупната документација во најблиската експозитура на Охридска банка
Независно од типот и обемот на кредитни производи кои клиентот ги користи од Банката, понудата има подеднаква важност за сите задолжености на клиентот.
Банката се обврзува во рок од 10 работни дена од денот на поднесување на Барањето да го извести клиентот за прифаќање или одбивање на Барањето, и за тоа ќе го извести клиентот по електронски пат, преку официјален канал за комуникација.
Сите останати договорни одредби од постоечките договори, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорите.
За сите прашања поврзани со Понудата, може да се обратите во контакт центарот на Охридска банка АД Скопје на (02) 15 050, или на меил адресата baranja.covid19@ob.com.mk
Домашни банки
Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје


Централна кооперативна банка ги известува своите клиенти дека постави нов банкомат на следната локација: (more…)
Домашни банки
ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување


РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка постави нов банкомат за поголема достапност за клиентите


Со цел да биде поблиску до своите клиенти и до нивните потреби, Шпаркасе Банка Македонија постави уште еден нов банкомат, на нова локација! (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!