Connect with us

Домашни банки

Втора кредитна линија на НЛБ Банка Скопје и ЕБОР – Дополнителни два милиони евра поддршка за инвестиции на домаќинствата во енергетска ефикасност

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за втора кредитна линија од дополнителни два милиони евра за Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF).

Станува збор за средства за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, односно кредити кои НЛБ Банка Скопје ќе ги пласира на своите клиенти за инвестиции кои ќе помогнат да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови.

„Како една од трите најголеми и системски најзначајни банки во земјата сметаме дека имаме важна улога во креирање на општата клима за финансирање на зелена енергија. Со оваа линија продолжуваме да обезбедуваме полесен пристап на домаќинствата до средства за финансирање на проекти во врска со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина што во целост кореспондира со нашата политика за одговорно кредитирање и одржливост. Горди сме на досегашната соработка со ЕБОР и придонесот кој го имаме во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, како и во севкупниот успех на Програмата за финансирање на зелена енергија на Западен Балкан“, истакна Бранко Грегановиќ, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Посебна придобивка на програмата е што клиентите кои аплицираат за заеми од GEFF, откако мерките за енергетска ефикасност ќе бидат успешно имплементирани, имаат право на финансиски грант до 20 проценти од износот на кредитот, при што средства се обезбедени од Европската унија.

Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија во ЕБОР изјави: „Ни претставува големо задоволство што ја надградуваме соработката со НЛБ Банка Скопје, во заедничката тенденција да се подобри пристапот до финансии на граѓаните, кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, преку нашата позната GEFF програма, која станува се попримамлива. Со растечките цени на енергијата во Европа, граѓаните можат да ги користат овие кредити за да ја намалат потрошувачката на енергија и да ги намалат сметките”.

Штефен Худолин, Раководител на одделот за соработка во ЕУ Делегацијата во Северна Македонија изјави: „ЕУ останува посветена во поддршката на земјата и за време на оваа енергетска криза ги поддржува програмите за енергетската ефикасност од кои ѓраѓаните и домаќинствата ќе имаат корист. За нас и за идните генерации треба да мислиме подалеку од тоа што ќе биде утре и заради тоа нудиме добри финансиски програми кои ќе генерираат пониски сметки за електрична енергија. Нашата иднина е зелена, а транзицијата кон зелена и одржлива енергија е поврзана со добри инвестиции кои ќе ги направиме денес”.

Инаку, преку првата кредитна линија на НЛБ Банка за „зелени“ кредити, потпишана во со ЕБОР во 2020 година, целосно се пласирани 3 милиони евра до крајни корисници – физички лица, а досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации од 450 илјади евра за успешно завршени проекти за една година кои и натаму се исплаќаат.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно