Домашни банки
Вртоглав раст на акциите на Комерцијална банка по објавата за исплата на дивиденда

Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе Одлука за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, објавена во Сл. весник на РСМ бр.177 од 03.08.2021 година, со која престанува да важи привременото ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.
Носењето на оваа Одлука имаше силно влијание и врз тргувањето на Македонска берза, па така инвеститорите побрзаа да купат акции од домашните банки кои објавија дека ќе исплатат дивиденда.
Една од најтргуваните акции секако се акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Банката објави дека последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година (понеделник). Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година (среда).
Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 24.08.2021 година.
По објавата на овие информации од страна на Комерцијална банка АД Скопје, инвеститорите побрзаа да купат што поголем број акции и да се стекнат со право на дивиденда, а тоа влијаеше и врз зголемување на вредноста на акциите.
Дополнително, за растот на цената на акциите на Комерцијална банка влијаеше и податокот дека Главниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор, Хари Костов се стекна со 3.500 обични акции. Хари Костов вложи околу 34 милиони денари или некаде околу 552 илјади евра во акции на Комерцијална банка.
Овој чекор на првиот човек на Комерцијална банка е охрабрувачки сигнал за акционерите кои имаат акции во Банката, да не ги продаваат, а воедно и мотив повеќе да се охрабрат нови инвиститори да вложат во акциите на Комерцијална банка.
Акцијата на Комерцијална банка се проби над 10.000 денари и во моментов нејзината просечна цена според податоците на Македонска берза чини 10.057,91 денари и бележи раст од 1,49 проценти.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје