Connect with us

Криптовалути

Вредноста на биткоинот ја надмина границата од 10.000 долари

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, најпознатата криптовалута биткоин го достигна своето највисоко ниво за оваа година, а исто така и во последните пет месеци. Утрото, цената на биткоинот достигна 10.489,78 долари, што е највисоко ниво од септември, покажуваат податоците на „Coindesk“.

Од почетокот на оваа година, најпопуларната криптовалута ја зголеми својата вредност за високи 44 проценти.

Ова го продолжи растечкиот тренд на вредностите на биткоините и во февруари, откако јануари беше најдобар за дигиталната валута во последните седум години.

Постојат неколку причини за неодамнешниот раст на биткоинот, тврдат странските аналитичари.

Со преполовување на количината на биткоините кои можат да се добијат со „рударење”, што ќе се случи во мај, епидемијата на коронавирус предизвикува побарувачка за „побезбедни средства“, а некои инвеститори како таков го сметаат и биткоинот.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно