Connect with us

Криптовалути

Вредноста на биткоинот се зголеми за 30% од почетокот на годината

Објавено

на

Биткоинот повторно има свој момент на слава, иако тој доаѓа во незгодно време поради неповолен фактор.

Најпознатата криптовалута драстично ја зголеми својата вредност како резултат на стравувањата од ширење на корона вирусот, кои крајно негативно влијаат врз глобалните берзи.

Цената на еден биткоин во моментов изнесува околу 9.300 американски долари, односно порасна за скоро 10% само за изминатата недела, односно бележи раст на вредноста за високи 30% од почетокот на годината. Ова е најдобриот почеток на годината за оваа криптовалута од 2012 година.

Загриженоста за брзото ширење на корона вирусот е еден од клучните фактори што ја зголемуваат вредноста на биткоинот. Кога светските берзи опаѓаат и инвеститорите се нервозни, криптовалутите се во постојан пораст. Но, тоа не е единствениот фактор што му помага на биткоинот да расте.

„Неодамнешниот раст на биткоин, исто така, може да се припише на тековната економска неизвесност и несигурност” – изјави Шон Џeи, извршен директор на дигиталната компанија „Digix“.

„Златото и биткоинот се во пораст затоа што инвеститорите не изгледаат уверени во минатогодишниот пораст на акции на светските берзи“, рече Марија Вејтман, постар стратег на „State street Corporation“.

Таа додаде дека биткоинот, како и златото, имаат корист од фактот дека каматните стапки се ниски (или во некои случаи и негативни) политка по која се водат ФЕД, ЕЦБ и многу други централни банки.

Ова предизвика пад на американскиот долар во однос на другите валути во последните месеци, а слабиот долар позитивно влијае врз вредноста на биткоинот.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно