Connect with us

Форекс

Вредноста на биткоинот продолжува да расте

Објавено

на

Вредноста на дигиталната крипто-валута биткоин порасна за 95 долари и е поголема од било кога.

Во текот на вчерашното тргување на берзите, вредноста на биткоинот изнесуваше 1.456,35 американски долари.

 

Биткоинот имаше „див“ почетокот во оваа година. Тој доби на вредност 20%, за потоа да опадне за 35% поради стравот дека Кина би можела да го поништи неговото тргување. Оттогаш неговата вредност се зголеми за повеќе од 80% и сите стравови дека Кина би можела да ја уништи оваа валута, американската комисија за хартии од вредност и берзите да ја отфрлат размената, а програмерите да ја раздвојат крипто-валутата на два дела ги снема.

 

Од почетокот на април јапонските финансиски регулатори го одобрија користењето на биткоин како легален метод за плаќање во оваа земја, а Русија разгледува опции да го воведе од 2018 година.

 

Биткоинот секоја година е на врвот на највредни валути од 2010 година, освен во 2014 година кога доживеа пад.

Форекс

Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ

Објавено

на

Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља од почетокот на војната двојно ја зголеми вредноста во однос на доларот

Објавено

на

Централната банка на Русија вчера повторно ги намали каматните стапки, по трет пат од почетокот на мај, со цел да го спречи зајакнувањето на рубљата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно