Connect with us

Вработување

Вработување во Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување

Објавено

на

За потреба од засновање на работен однос на работници на определено време, за извршување на работни задачи во подружниците на Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување во Скопје и Кавадарци за работна позиција :

СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Kвалификации и способности:

– ССС, ВСС;
-Афинитет кон работа во продажба;
-Развиени комуникациски способности и јасна комуникација
– Развиени организациски способности
-Отвореност за учење нови работи и прифаќање предизвици – Способност за тимска работа
– Лојалност
– Искуство во осигурување (не е задолжително, но ќе се смета за предност)

Одговорности и задачи:

– Остварување на личен план за продажба
– Наплата на полисирана премија
– Продажба на сите видови осигурувања
– Грижа за осигурителното портфолио на продажниот центар

Услови и бенефиции:

– Посета на обуки за континуиран развој и усовршување
– Можност за напредување

-Месечна нето плата и можност за дополнителна заработка и бенефит преку развиен систем за наградување.

Потребна документација:

– CV биографија и Мотивациско писмо

– Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 дена вклучувајќи го и денот на објавувањето.

Изборот меѓу пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45 (четириесет и пет) дена по завршувањето на огласот.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите за огласот во Скопје да ги испратат на e-маил адреса hr@crosig.mk со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ СКОПЈЕ”  или на поштенска адреса ул.Костурски Херои бр.38, 4-ти кат, Кроација Осигурување – Неживот 1000 Скопје
Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите за огласот во Кавадарци да ги испратат на e-маил адреса tode.kuzmanov@crosig.mk ; kavadarci@crosig.mk со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СОВЕТНИК ЗА ОСИГУРУВАЊЕ КАВАДАРЦИ”  или на поштенска адреса: Плоштад Маршал Тито бб, 1430 Кавадарци.
Доколку Вашите квалификации ги исполнуваат нашите потреби и барања, телефонски или писмено ќе бидете повикани на разговор.
Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување

Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување- Скопје

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка!

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

Соработник во Одделот за лоши пласмани и преземени средства

П Р О Ц Е Н У В А Ч

(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

   Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):

  • Минимум високо стручно образование
  • Лиценца за процена на недвижен имот (поседување и на лиценца за процена на машини и опрема ќе се смета за предност)
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери
  • Аналитичност, иницијативност, самостојност,ажурност, навременост
  • Способност за тимска работа
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Способност за идентификација на проблеми
  • Професионално однесување
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола „Б“ категорија

    Краток опис на работното место:

  • Вршење анализа и давање мислење за доставена процена што се предлага како обезбедување на барања за одобрување кредитни изложености
  • Процени и репроцени на имот и средства како обезбедување за постојни кредитни изложености
  • Вршење анализа и давање мислење за процени на имот и средства што се предмет на преземање од страна на Банката заради наплата на побарувања како и репроцена на имот и средства преземени заради наплата на побарувања.

Работно време: 40-часовно неделно работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

Локација на работното место: Скопје, Централа на Банката.

Загарантирана почетна нето плата: Минимална: 25.000,00 денари. Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат.

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од лиценца за процена, најдоцна до 16.12.2018 година, со назнака: „Апликација за проценувач“ на следната адреса за е-пошта: kariera@ttk.com.mk или во печатена копија на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. „Народен Фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје. 

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка!

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

НЛБ Банка во секторот за информатичка технологија нуди предизвикувачкa отворенa работнa позиција во рамки на која ќе имате можност да работите на имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

Главните цели на отворенaта работна позиција Администратор на бази на податоци  во Секторот за информатичка технологија e следење, одржување, управување и усогласување на работата на базите на податоци.

Улога во тимот:

  • Конфигурација, одржување и управување со базите на податоци;
  • Планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
  • Изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци;
  • Следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање;
  • Соработка при развој на апликации;
  • Изработка на упатства, прирачници и стандарди;
  • Предлагање на промени во системот за управување со бази на податоци и подобрувања на безбедносни политики.

Потребни квалификации и компетенции: 

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database);
  • Подготвеност за учење во динамична средина со најнова компјутерска технологија;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Ве поттикнуваме да станете дел од тимот:

  • Работното место нуди предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк најдоцна до петок 07.12.2018 година, со избирање на работната позиција Администратор на бази на податоци.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска Банка АД Скопје!

Објавено

на

Размислуваш за професионална кариера? Стопанска Банка АД Скопје има потреба од нови колеги и можност за напредување во кариерата. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange