Останато
Вработени во Пошта неовластено подигнале 25.000 евра преку сметки во една од банките во Македонија


Девет вработени во Пошта, заедно со нивниот претпоставен се теретат со кривично дело проневера во службата и фалсификување службена исправа.
Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица, З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53), А.Ќ. (45), Ф.Љ. (35), Л.И. (26), М.Т. (62), Н.К. (55) и Х.Х. (42), сите од Скопје, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, заради постоење основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – проневера во службата, и фалсификување службена исправа.
„Пријавените, деветмина шалтерски работници во посочената подружница, заедно со нивниот претпоставен десетопријавениот Х.Х. во вкупно 26 наврати во временскиот период од февруари до ноември 2019 година со фалсификување на 26 налози за исплата-Образец ПП40, од лични трансакциски сметки сопственост на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје, неовластено присвоиле туѓи парични средства кои им биле доверени во вршењето на службата и прибавиле противправна имотна корист за сметка на десетопријавениот Х.Х. во вкупен износ од 1.570.822 денари. Инаку, од страна на АД “Пошта на Северна Македонија” Подружница ЦРПС-Скопје на 24.01.2020 година до Единица за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје беше доставена писмена пријава за сторените кривични дела“, информираат од МВР.
Останато
СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки


Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)
Останато
ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – Луѓето поминуваат по 4 до 5 часа во просек на ден на мобилните апликации!?


Истражувачите на пазарот на мобилни апликации открија дека потрошувачите поминуваат се повеќе време со своите паметни телефони. Според истражувањето на „data.ai” (порано App Annie) во 13 земји, луѓето моментално посветуваат 4 до 5 часа од својот ден на мобилни апликации. (more…)
Останато
Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година


Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје