Домашни банки
Вработените во Стопанска банка – АД Скопје традиционално се вклучуваат во кампањата за борба против гладта


Во склоп на одбележување на Кампањата за “Денови на борба против гладта“, вработените од Стопанска банка – АД Скопје и оваа година реализираа собирна акција за финансиски средства во Централната зграда на Банката, но и преку i-bank дигиталните канали со што им беше дадена можност на сите вработени да придонесат во собирната акција.
Со собраните доброволни прилози, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар подготвија 22 пакети со прехрамбени продукти. Пакетите беа дистрибуирани од страна на стручната служба на Општинска организација Центар и претставник од Стопанска банка на ден 18.11.2021 година на 22 згрижувачки семејства од регистарот на Центарот за социјална работа на град Скопје.
Стопанска банка – АД Скопје изразуваме голема благодарност на вработените за хуманоста која традиционално ја покажуваат преку ваквите акции, но и на Црвениот крст за незапирливата борба за подобар живот на сограѓаните.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје