Останато
Вработените во “Македонска пошта” бараат зголемување на платите


Синдикатот на „Македонска пошта“ бара зголемување на платата за 10 проценти и враќање на бодот којшто, според нив, е намален пред 12 години. Бараат и пролонгирање на либерализацијата на поштенскиот пазар и итна средба со премиерот за решение за нивните барања.
Претставници на Синдикатот на прес-конференција истакнаа дека во изминатите неколку месеци имале интензивни разговори со Управниот одбор на компанијата, но дека не успеале да најдат соодветно решение.
“Долгогодишното барање за зголемување на платите се темели на фактот што повеќе од 30 години ниту за еден денар не се зголемија платите во „Македонска пошта“, а незадоволството кај вработените е поголемо со намалувањето на вредноста на бодот пред 12 години”, изјави претседателот на синдикатот Боро Велигденов.
Покрај покачувањето на платата, вработените бараат да им се набави и работна облека, која, според нивните кажувања, не е набавена повеќе од 10 години. Сметаат дека либерализацијата на поштенскиот пазар треба да се пролонгира до приемот на државата во Европската унија со образложение дека доколку се влезе во овој процес, дополнително би се влошиле состојбите на вработените.
Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)
Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје