Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Објавено

на

Банката донираше повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат.

Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје, по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат.

Оваа акција Банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од Банката.

Домашни банки

Караван на Охридска Банка наменет за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал неодамна го започна својот караван на средби со малите и средни претпријатија низ земјата. Целта на овој караван е непосредна комуникација со клиентите и отворена дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите, како и експертски пристап во насока на подобрување на работата на компаниите и унапредување на меѓусебната соработка.

Во центарот на вниманието на овие работни средби беше неодамна пласираната кредитна линија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој, позната како “Партнер+” кредит.

Имено, станува збор за кредитна линија наменета за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија, која се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. Дополнителен бенефит е користењето на бесплатни консултантски услуги од страна на стручни консултанти, ангажирани од ЕБРД, што придонесува и за повисоко ниво на квалитет на проектите финансирани со Партнер + кредитната линија.

Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трета работилница по ред, организирана од Охридска Банка, со цел подобро запознавање на претставниците на малите и средни претпријатија со поволностите на Партнер + кредитот, На работилницата преку панел дискусија на која учествуваа преставници од Охридска банка и претставници на стручните консултатни од проектот за поддршка на конкурентноста на МСП, како и директна дискусија со присутните претставници на малите и средни претпријатија, беа споделени детални информации за начинот и процесот на апликација и одобрување на кредити од кредитната линија Партнер +. Претходно вакви работилници се одржаа во Скопје и Штип.

Преку одржаните работилници досега, над 150 претставници на мали и средни претпријатија се запознаа со можностите за зголемување на инвестициите во рамки на своите компании преку користење на оваа поволна кредитна линија.

Повеќе информации за Партнер+ кредитот, за правни лица може да причитате на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури на Охридска Банка, како и на Контакт центар 02 15 050.

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 59. издание на “Охридско лето”

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година е главен спонзор и поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка овозможи online аплицирање за потрошувачки кредити

Објавено

на

За потрошувачките ненаменски кредити на Комерцијална банка АД Скопје отсега може да аплицирате и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, Комерцијална овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange