Анализи
Во јуни значително намален бројот на фирмите кои барале финансиска поддршка за исплата на плата

Со отпочнување на здравствено економската криза предизвикана од коронавирусот, Управата за јавни приходи како институција која што гради и остварува партнерски однос со даночните обврзници се стави на целосна услужност во реализацијата на мерките за финансиска поддршка, кои значат поддршка за сите физички и правни лица што се соочуваат со последиците од корона кризата.
Управата за јавни приходи активно се вклучи во сите процеси и фази за спроведување на овие мерки почнувајќи од учество во изготвување на уредбите, поставување на обрасците на електронските платформи на УЈП, софтверско прилагодување на системите на УЈП во фаза на прием и обработка на поднесените барања како и достава на точна евиденција до институциите надлежни за исплата на финансиската поддршка.
Брзото, лесно и едноставно аплицирање за користење на мерките кое го спроведе Управата за јавни приходи, ја овозможи следната состојба за искористеност на истите по месеци:
- Мерка – финасиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од корона вирусот заради исплата на платите на работниците за месеците април, мај и јуни 2020 година:
– за месец април мерката е искористена од страна на 19.743 работодавачи со кој се опфатени 128.409 вработени, во износ од 1.792.970.895 денари,
– за месец мај мерката е искористена од страна на 19.956 работодавачи со кој се опфатени 118.069 вработени, во износ од 1.646.458.185 денари,
– за месец јуни мерката е искористена од страна на 15.326 работодавачи со кој се опфатени 73.381 вработени, во износ од 1.019.290.267 денари. - Мерка – финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност предизвикана од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за месеците април, мај и јуни 2020 година
– за април мерката е искористена од страна 5.792 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 83.984.000 денари
– мај мерката е искористена од страна 5.985 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 86.782.500 денари
– јуни мерката е искористена од страна 5.838 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 84.651.000 денари - Мерка- субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вондредна состојба, одобрени се: за април 2.531, за мај 2.463 и за јуни 2.101 барања од фирми.
- Мерка – субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID-19 за време на траење на вонредната состојба за месец, јуни, јули и август 2020 година досега поднесени 68 барања.
- Мерка – ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени 973 барања.
- Мерка- ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули досега одобрени се 707 барања.
Управата за јавни приходи, исто така, учествуваше и во спроведување на мерката за издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги како финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19, и мерката – издавање и користење на ваучери за поттикнување на домашниот туризам во услови на намалена економска активност заради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19.
Анализи
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот

Рекордниот раст на профитите на банките во текот на оваа година предизвика многу коментари и бурни реакции. Со нетрпение се очекуваат годишните финансиски извештаи на банките за да се види до каде ќе стигнат добивките на банките за 2023 година, односно на кое ниво ќе бидат поставени рекордите.⇑ (more…)
Анализи
ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за значително забавување на инфлацијата

„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, како и во рамките на дискусиите околу Првиот преглед на кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). „Ваквата поставеност придонесе и за одржување на стабилноста на девизниот пазар, којашто беше надополнета и со преземените макропрудентни мерки, преку кои се зајакнува отпорноста на банкарскиот сектор, којшто и натаму е стабилен и ликвиден“, се наведува од страна на Мисијата. (more…)
Анализи
Дали заврши времето на евтини потрошувачки кредити? Каматите се движат кон нивото од 2015 година!

Полека, но сигурно се губи атрактивноста на потрошувачките кредити на банките како „куповна моќ“ на граѓаните за задоволување на некакви желби и потреби од секојдневието. Дефинитивно веќе не е време на примамливи каматни стапки, кои ги правеа потрошувачките кредити „евтино“ решение за обезбедување финансиски средства за некое патување, опремување на домот, школување… Дали времето на „евтините“ потрошувачки кредити дефинитивно заврши или пак ова е само привремен тренд наметнат од инфлаторните притисоци на пазарите? (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје