Connect with us

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање.

Затоа, Народната банка на Шведска ги предупредува граѓаните бидејќи стравува дека готовината физички би можела целосно да исчезне.

Родителите во Шведска не им го даваат во готово дури ни џепарлакот на децата, пишува германскиот неделник „Фокус“.

Весникот наведува дека само 16 проценти од децата добиле џепарлак во готово, а 84 проценти имаат дигитални штедни книшки.

Истражувањето покажа дека во Шведска генерацијата помеѓу 18 и 34 проценти во 75 проценти од случаите не плаќа во готово.

Корона-кризата ја зголеми аверзијата на Швеѓаните кон готовината и интересно е што повеќето плаќања се вршат без контакт, преку NFC-чип на картичката или преку мобилен телефон.

Гувернерот Штефан Ингвес верува дека младите, бидејќи повеќе не користат готовина, нема да знаат ништо за изгледот на банкнотите.

Постојат и други ризици бидејќи сајбер-нападите може да оневозможат безготовинско плаќање и на тој начин да предизвикаат проблеми во општеството.

Тој побара од владата да донесе закон што ќе ги обврзува банките во земјата секогаш да имаат одредени количини готовина во своите трезори.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно