Connect with us

Останато

Во четврток ќе се одржи 28-то издание на Бизнис Кафе Македонија

Објавено

на

Овој четврток (22 март) со почеток од 18:00 часот во Next Bar & Food во населба Аеродром во Скопје, ќе се одржи 28-то по ред издание на најексклузивниот бизнис-нетворкинг настан во државата – Бизнис Кафе Македонија.

На новото Бизнис Кафе се поканети да присуствуваат сите активни чинители во бизнис заедницата во Македонија и сите оние кои сакаат да стекнат нови бизнис-контакти и да слушнат и научат од искуствата на тројцата говорници.

Со присутните, своите бизнис и животни патишта и научени лекции ќе ги споделат Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дијана Десподов, извршен директор на Американската стопанска комора во Македонија и Жарко Костиќ, мотивациски говорник, доктор по медицина.

Бројот на гости на настанот е ограничен и затоа е потребно што поскоро да си го резервирате Вашето место со картите кои може да се набават на следниов начин:
– Online, преку сервисот Купи Карти за Се на следниов ЛИНК
– На фактура, пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)

Повеќе

Останато

Со новите измени на законот за банки, царината ќе има увид во банкарските сметки на граѓаните

Објавено

на

Банкарските сметки на граѓаните нема повеќе да бидат банкарска тајна за Управата за јавни приходи и за Царинската управа. Владата го менува Законот за банки со што УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Криптовалутите пред колапс – уште една земја ја забрани нивната употреба!

Објавено

на

Централната банка на Иран официјално забрани упортреба на криптовалути во финансиските трансакции со цел да спречи кривични дела, како што се перење на пари и финансирање на тероризам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дали е ова најдоброто CV кое сте го виделе?

Објавено

на

Пејџ решила да аплицира за работата која ја сака, но бидејќи креирањето кратка биографија и мотивациско писмо знаат да бидат досадни, таа решила на креативен начин да ги прикаже своите квалитети. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange