Connect with us

Останато

Во Црна Гора има 62 милионери

Објавено

на

Во Црна Гора има 62-ца милионери, односно граѓани кои имаат над еден милион евра на своите банкарски сметки, објави Централната банка на Црна Гора (ЦБГ).

„Според месечните податоци доставени од страна на банките до Централната банка на 30 април, 62 лица во Црна Гора имаат депозит во износ од еден милион евра и повеќе, што е за четворица милионери помалку во однос на крајот на минатата година“, наведува Централната банка на Црна Гора (ЦБГ).

Најголемиот депозит на еден граѓанин изнесува 10,6 милиони евра, се наведува во извештајот на ЦБГ.

Законот спречува обелоденување на вакви сензитивни податоци за тоа кое лице има „најдебелa” сметка во банка, но Централната банка на Црна Гора соопшти дека граѓанинот не е црногорски државјанин, туку се работи за странец – нерезидент.

Најголемиот број милионери имаат од еден до пет милиони на нивните банкарски сметки или поточно 58 од нив, тројца имаат депозит од пет до десет милиони, а само еден има депозит од над десет милиони евра.

На крајот на минатата година имало 66 милионери, а најголем индивидуален депозит изнесувал 17,9 милиони евра. Дури и тогаш, тоа не бил црногорски државјанин, туку странец – нерезидент.

На почетокот на 2018 година Црна Гора броеше 64 милионери.

Останато

Сојузот на стопански комори го издава меѓународниот сертификат „Safety Travel Stamp“

Објавено

на

Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“.  Со овој меѓународно признат сертификат се потврдува дека објектите во целост ги  спроведуваат, почитуваат и практикуваат домашните и светските препораки за превенција и заштита од ширењето на вирусот Ковид 19 што создава сигурност кај домашните и кај странски гости. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Блокирани сметките на илјадници граѓани од страна на УЈП

Објавено

на

Управата за јавни приходи преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните доставила приближно 14.000 решенија за присилна наплата, најголем број од нив за сообраќајни прекршоци изречени од страна на Министерството за внатрешни работи за сторен сообраќаен прекршок, Министерството за транспорт и врски и други државни органи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Зошто се потребни инвестиции за развој сега и веднаш?

Објавено

на

Како што ќе се ублажуваат негативните ефекти од пандемијата и ќе се достигнува задоволителен степен на имунизација на населението, како главни теми во наредниот период ќе се наметнат економските решенија за брзо заздравување на македонската економија. Како едно такво решение е и реализацијата на мега-инвестицискиот Проект Иловица-Штука. (more…)

Продолжи со читање


Популарно